– Симболиката на отворањето на Олимписките игри е антиавторитарна, антипатријархална и слободарска лекција, не сосем за нас – секојдневниот мал човек, туку за клептократските авторитарци, вели во својот текст професорката Емилија Целакоска, објавен на Фронтлајн и споделен на фејсбук страницата на Фронтлајн.
После таа објава следеа коментари со говор на омраза, закани, навреди и омаловажувања.
До моментот на пишување на овој текст објавата на фејсбук за два дена и 18 часа има повеќе од 65 илјади пост импресии, 271 интеракции и 178 коментари од кои десетици со говор на омраза, закани, омаловажување, пцовки, мизогинија и шовинизам кон професорката Целакоска, а со говор на омраза и навреди и кон ЛГБТИ луѓето.
„Напредни, гнаси“, „двоцевкаши“, „да и ебам се што има“, „ненормална ретардирани изроди“, „ да се земе стапот и да удриме по овие“, „да се сотрете“… се само дел од зборовите со кои се упатуваат заканите и говорот на омраза.
Издвојуваме само неколку скриншотови од коментарите под објавата:
Додека ги модериравме коментарите, повеќето со експлицитен говор на омраза се избришани, а некои се скриени, почитувајќи ги препораките добиени од Советот за етика во медиумите (СЕММ) и од социјал-медиа експертите.
Редакцијата на Фронтлајн не навлегува во тоа дека коментарите под текстот се тотално теледиригирани и депласирани.
Ј. Ѓорѓиоски