Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Само едно брзинско ESPRESSO.
Прво што ми падна на ум кога ги читав безвезните наслови за лошите резултати на нашите олимпијци, ми беше – Нека дојдат на пример на Олимписки базен во зима (па и во лето) да видат во какви (не)услови работи Никола, па после нека шлакаат!
Треба да им се обезбедат барем нормални услови за тренинг на спортистите, па потоа да се бараат резултати на светско ниво.
А не, на пр. 9 месеци да плива Никола во 25 метарски базен, а останатите три месеци на 50 метарскиот по двајца-тројца во една патека… и да бараме да освојуваат медали на Олимпијада.
Не оди тоа така другари.
Она што го прават нашите врвни спортисти во однос на тоа во какви услови тренираат е само по себе подвиг.
И да има некој случаен блесок на големите натпреварувања, тоа е само моментален блесок и тешко се одржува континуитет на добри резултати, ако се работи во несоодветни услови.
Никола има 16 години, а последниве години соборува јуниорски и сениорски рекорди поставени уште од времето на Маленко.
Потчукнете си ги главите малку пред да трескате што ќе ви текне.
Никола браво! И бегај од овде.
Текстот е личен став на Авторот
Поврзано:
Ѓуретановиќ собори два кадетски рекорди во „сопственост“ на Маленко
Никола Ѓуретановиќ собори два национални рекорди на Светското првенство за Јуниори во Израел