ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ по повод Денот на сеќавање на Холокаустот на Ромите: Се обврзуваме на изградба на свет без омраза

August 2, 2024 12:49
in ДЕНЕС, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Се сеќаваме и одново се обврзуваме на изградба на свет во кој се почитува човековото достоинство, во кој се слават различностите и во кој нема место за омразата, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, потпретседателката на ЕК за вредности и транспарентност Вера Јоурова и еврокомесарката за еднаквост Хелена Дали во заедничката изјава по повод Денот на сеќавање на Холокаустот на Ромите – 2 август.

– Денеска ја одбележуваме 80-годишнината од трагичните настани што се случија во Аушвиц-Биркенау на 2 август 1944 година. На овој ден, под закрила на ноќта, чуварите на Ес-Ес во гасните комори одведоа над 4.300 деца, жени и мажи Роми, се наведува во пораката.

Во неа се потсетува дека за време на Холокаустот во Втората светска војна во логори, на полиња и во разни ровови систематски беа убиени на 500.000 Роми

– Нивните животи згаснаа, нивната култура беше потисната, а нивните приказни замолчени. Наша должност е да се погрижиме нивната приказна да не биде заборавена и да го почитуваме нивното наследство борејќи се за правда и еднаквост на сите малцински групи, додаваат Фон дер Лајен, Јоурова и Дали во пораката.

Европскиот Ден на сеќавање на Холокауст на Ромите – 2 август е прогласен во 2015 година, со одлука Европскиот парламент, во чест на околу 500.000 европски Роми, што претставувало најмалку една четвртина од вкупно ромско население во Европа во тоа време, убиени од нацистите и нивите соработници во текот на Втората светска војна.

Како основни цели во Стратешката рамка на ЕУ за Ромите 2020-2030 се наведени спречување на омразата, дискриминацијата и предрасудите кон Ромите и обезбедување на нивна рамноправност и инклузивност на европско и на национално ниво.

Еврокомисијата посочува дека останува цврста во својата заложба за борба против омразата и дискриминацијата наведена во нејзиниот документ насловен „Нема место за омраза: Европа обединета против омразата“ усвоен во декември 2023 година. Документот има за цел да ги засили напорите на ЕУ за борба против омразата во сите нејзини форми, вклучително и кон Ромите, преку споредување на активности и политики на ниво на целото општество и преку зајакнување на акцијата во различни политики.

Претстојнава есен, Европската комисија ќе објави извештај за имплементацијата на националните стратешки рамки за Ромите на земјите членки, а во рамки на програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ ќе обезбеди 14 милиони за поддршка на реализација на проекти во текот на 2024 година за сеќавање на Холокаустот на Ромите.

Tags: ЕУромиХолокауст
Next Post
Скриншот

(ВИДЕО) Дипломатска победа за Бајден: Американците ослободени од руските затвори пристигнаа дома

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk