Фирмата на Мартин Алексов, синот на поранешниот градоначалник на Штип, Зоран Алексов, донираше висококвалитетни заштитни маски во вредност над 350 илјади денари, за пожарникарите вклучени во борбата против огнената стихија.
Како што објави Центарот за управување со кризи „донација за пожарникарите во заштитни маски, што заедно со веќе донираните на пожарникарите во Штип и Радовиш, имаат вкупна вредност над 350.000 денари.
„Денеска беше предадена донацијата од над 16.000 висококвалитетни заштитни маски наменета за територијалните противпожарни единици во Македонија, од страна на г-дин Зоран Алексов, во име на Мартин Алексов, сопственик на МООНЛЕХ ДООЕЛ, Штип, а поранешен градоначалник на Штип. Помошта, наменета за пожарникарите во нашата држава, ја прими овластеното лице на Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Штип, Горан Ивков. заедно со веќе донираните на пожарникарите во Штип и Радовиш, имаат вкупна вредност над 350.000 денари“, истакнаа од ЦУК.
Зоран Алексов во изјава за Фронтлајн вели дека во овие тешки денови, потребно е сите да дадеме придонес за нашите храбри пожарникари
„Ова е донација од фирмата на мојот син, Мартин, кој донесе одлука за оваа донација. Во овие тешки денови, потребно е сите да дадеме придонес за нашите храбри пожарникари и сите професионалци вклучени во борбата против огнената стихија“, изјави Зоран Алексов, поранешен градоначалник на Штип за Фронтлајн.
Ј. Ѓ.