ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Збогум ЕУ

August 19, 2024 12:23
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Не беа толку лоши СДСМ колку што беше силна пропагандата, друже, ми вели дуќанџијата додека пазарев тутун и весник кај него. Ова сега ќе трае, додека не се распаднеме, рече. Падна и краток коментар за измамата на пензионерите, ветувањето од 5,000 денари што се претвори во 800 денари месечно, и тоа во форма на еднократна социјална помош во шест рати. Разговорот не траеше подолго од две минути, но сосема добро ја отслика новата македонска реалност. Неспоредливо подобро од бесмислените ТВ дебати.

Пред десетина години, еден странски новинар ме праша зошто во Македонија нема крајна десница. Како нема? – му одговорив – Па на власт е крајната десница!

По седум години во опозиција, крајната десница само се засили, па дојде на власт со досега најубедливата предност во бројот на освоени места во парламентот.

Да расчистиме. За оваа и ваква влада не се потребни 100 дена за да се види како ќе владее во останатиот дел од мандатот, а и каква јавност ќе ја придружува, односно поддржува.

Се разбира, тој успех на крајната десница се должи и на поддршката од оската Москва – Будимпешта – Белград (и други), но и на неуспехот на проевропската влада да ги спроведе реформите што можеше, а не ги спроведе. Велам, реформите што можеше, а не сите што беа во агендата – некои клучни реформи и процеси беше невозможно да се спроведат, затоа што опозицијата успеа да ги блокира, па и да ги уништи. За (не)решителноста и политичката инерција веќе пишував. (Повлекување на прогресивизмот: Испитување на влијанието на политичката инерција, апатијата и разочарувањето)

Да расчистиме. За оваа и ваква влада не се потребни 100 дена за да се види како ќе владее во останатиот дел од мандатот, а и каква јавност ќе ја придружува, односно поддржува. Веќе во првите две-три недели сите покажаа кои се, какви се и колку тежат. Всушност, иако македонската демократија е млада, имавме доволно време во овие 33 години да ги запознаеме сите политички и неполитички актери на сцената.

И да не се лажеме. Во нормално општество со минимум демократска култура и јавност, работата на изборните победници уште на самиот почеток ќе беше оценета најмалку како скандалозна. Но ова не е нормално општество. Не е потребно да се биде Магелан за да се утврди тоа. Критичкиот тон во еден мал дел од интернет медиумите може да се смета само како потврда на оваа констатација, а не како аргумент за демократско шаренило и разногласие во политичкиот дискурс на земјата.

Сега, оваа мала и сиромашна земја треба да се спреми на долго и мачно преживување, додека пропагандата ѝ го колва она малку мозок што ѝ останало.

Најзагрижувачки е што никој не зборува, а уште помалку дејствува за да го заштити основниот државен и општествен интерес, а тоа се евроинтеграциите на земјата, без оглед на тоа колку новата власт се декларира како проевропска. Се сеќавате, својата проевропска ориентација власта ја бранеше – прилично неуспешно – уште додека беше во опозиција, како и во деценијата на режимот (2006-2016). Ни изјавите како онаа на пом. државен секретар на САД, О’Брајан, дека од Мицкоски ни кола не би купил (парафразирано) не ги спречија гласачите – инфицирани со национализам и руска пропаганда – да ѝ стават јаже околу вратот на европската иднина на земјата.

Сега, оваа мала и сиромашна земја треба да се спреми на долго и мачно преживување, додека пропагандата ѝ го колва она малку мозок што ѝ останало. Наративите се тие: претходната власт е виновна за сѐ – ги уништи институциите и ја испразни државната каса, а виновна е и за скандалите што сега се случуваат и за оние што допрва ќе се случуваат; соседите (освен Србија) и Западот мора да се навикнат дека „помина времето на политичари со свиткана кичма“; ДУИ ќе ја дестабилизира државата; ЕУ е приоритет, ама под наши услови (и вмровски вредности)… Да не набројуваме понатаму, доволни беа и првите редови за двете минути во локалното дуќанче. Нема подобра анализа од онаа на луѓето кои гледаат со отворени очи и мислат со сопствена глава. А такви, за жал, има малку во медиумскиот и граѓанскиот простор.

Сѐ што е спомнато овде и сѐ што веќе јасно се гледа на хоризонтот, води кон еден заклучок. Поточно, поздрав: Збогум ЕУ.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Влададемократијадесницаизбори
Next Post

„Во Косово” или „на Косово”, каде е „избегана” вистината?

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk