ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: И Влатко Ѓорчев ВМРО-ДПМНЕ го смести на функција со над 100 илјади денари плата, а нема пари за работниците

September 6, 2024 12:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– И Влатко Ѓорчев ВМРО-ДПМНЕ го смести во фотелја, му измислија државна функција како национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси. За измислената државна функција на Ѓорчев граѓаните ќе плаќааат над 105.000 денари месечно или над 1 милион денари годишно. Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема пари за поголема минимална плата, нема пари за наставниците, за работниците, измислуваат функции за сместување на поранешни функционери и членови на ДПМНЕ, реагираат со соопштение од СДСМ.

Оттаму велат – „да биде иронијата уште поголема, токму Влатко Ѓорчев, како пратеник во 2020 година беше на чело на собрниската Комисија за труд и социјална политика и ги кочеше законите за зголемување на платите во образованието, законите за зголемување на пензиите, за зголемување на минималната плата“.

„Ѓорчев не ги закажуваше седниците на комисија, ги кочеше дискусиите, ја прекинуваше седницата, бараше „финансиска оправданост“ на потребата за зголемување на платите. А денеска истиот тој Влатко Ѓорчев е награден од Мицкоски и ДПМНЕ со плата којашто е 5 пати поголема од минималната и 3 пати поголема од просечната плата. Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ. На последната владина седница и Лилјана Затуроска е именувана за национален координатор, заедно со Верче Мицевска а претходно Павле Трајанов, Блерант Рамадани, Солза Грчева…. Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па почнаа да си измислуваат позиции, како што е и предлог Законот за заменик на заменик директор на Царина. Невидено. Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ветуваа намалување на функционерските места, а сега гледаме дека ги зголемуваат. Се што ветија, излажаа и тотално се однародија“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Лилјана Затуроска е национална координаторка за локална самоуправа, Влатко Ѓорчев е национален координатор за демографија млади и човечки ресурси, а Верче Мицевска ќе ги координира работите поврзани со безбедноста на храната.

Ова било одлучено на една од последните владини седници, кога била донесена одлука да се отворат три нови позиции за национален координатор.

Владата претходно го назначи и Павле Трајанов за национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Блерант Рамадани за национален координатор за примена на нови технологии и Солза Грчева за национален координатор за реформи во високото образование.

Поврзано:

Влатко Ѓорчев назначен за национален координатор за демографија млади и човечки ресурси

Tags: Влатко ЃорчевВМРО-ДПМНЕнационален координаторСДСМ
Next Post
Иљире Даути.

Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри не е прифатлив, констатира Законодавно правната комисија

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk