ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ДВЕ БУГАРСКИ ЗНАМИЊА И НИТУ ЕДНО МАКЕДОНСКО: Загрозување на македонската самобитност и идентитет!

September 16, 2024 12:19
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Не престануваат реакциите по средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега, Румен Радев. Тоа што граѓаните и критичката интелектуална мисла забележаа беше дека на средбата недостасува државното знаме на Република Северна Македонија. Според многумина, зачудувачки е како протоколот на претседателката Силјановска-Давкова не реагирал на овој голем пропуст.

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор во НАТО, Нано Ружин вели дека кабинетот на Силјановска Давкова треба да ангажира луѓе со протоколарни искуства за да се избeгенуваaт вакви гафови.

– Средба која не е добро организирана. Од неформална средба ѝ се даваше официјален карактер и тука е грешката, не заради грешката, се случило и со други држави, туку поради чувствителноста на односите меѓу Скопје и Софија. Затоа е таквата фотографија непријатна, дали однапред е режирана или е резултат на неискуството на апаратот на Сиљановска Давкова, тоа не може да го кажам – но како и да е непријатна состојба. Подобро би било да не прифати да се слика или тоа да го направил на друг начин во самиот кабинет. Лекција од која треба да учат. Кабинетот на Сиљановска Давкова треба да ангажира луѓе со протоколарни искуства. Затоа, од таквиот настан сега излегуваат разни потсмеви. Ова е добро научена лекција од овој би го рекол гаф, вели Ружин за „Фронтлајн“.

Ацо Кабранов – долгогодишен новинар и политички аналитичар смета дека ваквите ситуации и ја изложуват државата и претседателката не само на непочитување, туку и на потсмев.

– Ме чуди зошто протоколот на претседателката Сиљановска Давкова не реагирал и не инисистирал да биде истакнато и нашето знаме. Ова е уште еден серијал грешки на протоколот на претседателката што потврдува дека во нејзиниот тим нема човек кој го знае државниот протокол и ја изложува државата и претседателката не само на непочитување, туку и на потсмев, вели Кабранов за „Фронтлајн“.

Од друга страна, и граѓаните видно се револтирани и со критики за посетата на Сиљановска Давкова во Бугарија.

„Државничка посета без македонско знаме?“, „На која слика да го побараме македонското знаме? И ако го немале дали може да го убациме со фотошоп? Оти ова вака срамота“, „Каде е македонското знаме?“, „Претседателке, го допревте дното. Не само што го допревте почнавте да гребете по дното“, „Лажни патриоти насекаде. Гордана, кај ја остави државата што ја претставуваш?“, „Две бугарски знамиња и ниедно македонско. Срамота, Давкова!“ – се дел од коментарите под објавата на претседателката.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) го повика бугарскиот амбасадор во државава Жељаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова во саботата најавија дека ќе побараат објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија иако, како што нагласуваат оттаму, ваков потег и чин не бил предвиден, ниту договорен.

– Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна, наведоа од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.

Опозициската СДСМ реагираше за посетата на Софија, обвинувајќи дека претседателката Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ја загрозиле македонската самобитност и македонски идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, во реакција на прес-конференцијата на СДСМ наведе дека „не се потребни лекции од партија која кога беше на власт ја воведе државата во безброј дипломатски кризи и меѓународни понижувања.“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија се сретна со нејзиниот бугарски колега, Румен Радев, на која недостасуваше државното знаме на Република Северна Македонија.

Инаку, на вакви средби на највисоко ниво на државници на две земји стандард е да бидат изложени знамињата на земјите што ги претставуваат највисоките државници. Знамето на Северна Македонија го немаше и на средбата на министерот за култура и туризам Зоран Љутков со неговиот колега од Бугарија, Најден Тодоров.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ацо КабрановВМРО-ДПМНЕНано РужинСДСМСилјановкса ДавковаСофија

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk