Не престануваат реакциите по средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега, Румен Радев. Тоа што граѓаните и критичката интелектуална мисла забележаа беше дека на средбата недостасува државното знаме на Република Северна Македонија. Според многумина, зачудувачки е како протоколот на претседателката Силјановска-Давкова не реагирал на овој голем пропуст.
Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија смета дека по средбата Радев-Силјановска: Евроинтеграциите на Северна Македонија зависат само од „Вила Водно“ и „Илинденска 2“.
-И пред и по средбата Радев-Силјановска: Евроинтеграциите на Северна Македонија зависат само од „Вила Водно“ и „Илинденска 2“. Значи од „Белата Палата” + ВЛЕН и ЗНАМ. Опозицијата е јасно ЗА. Официјалното гостување на НУ „Опера и балет“ во Софија и неофицијалната средба на Сиљановска-Давкова со Радев беше добар обид за суштинска комуникација (на ниво на шефови на држави). Но избегнувањето на Сиљановска-Давкова да биде институционален фактор за дополнување на Преамбулата поради субмисивност кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја сведе на курир на пораките на Радев. Вчера се потврди дека и Софија и Брисел имале толеранција за предизборна реторика на ВМРО-ДПМНЕ, но немаат разбирање за владината политика на Мицкоски за „репреговарање со Софија на договореното со Брисел и за фактичко одложување на ЕУ-интеграциите на Северна Македонија, вели Величковски за „Фронтлајн“.
Според него, преку симболиката на средбите и пораките пред нив, не беше оставен простор за нивно толкување од официјално Скопје според дневно-партиски и пропагандистички потреби.
– Радев и Главчев ги „пресретнаа“ предвидливите вербални маневри (на делегацијата) на Силјановска-Давкова со изјави уште пред средбите. И само го повторија познатото – дека Северна Македонија за членство во ЕУ не преговара со Бугарија (каква и да е Владата таму), туку со ЕУ. Тоа е причината и за отсуството на заеднички прес на Силјановска-Давкова по средбата со Радев, подвлече тој.
„Белата Палата“, додава тој, и нивните функционери во „Вила Водно“ и „Илинденска“ 2 е дека веќе не може да сметаат на играта „добар полицаец – лош полицаец” – и таа само е соопштена од Софија.
Д. Јонузи