ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија и Албанија заслужуваат да влезат во ЕУ, актуелната власт не презема конкретни чекори!

September 24, 2024 11:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Албанија е среќна за секое достигнување на Република Северна Македонија кон членството во ЕУ и како партнер во НАТО. Нашите две земји ќе продолжат да соработуваат за продлабочување на реформите за демократизација и интеграција, усогласување на законодавството и политиките со стандардите на ЕУ како и евроатлантската перспектива на Западен Балкан. Албанија и Северна Македонија заслужуваат да влезат во ЕУ“, истакна за време на нејзината посета на Скопје, претседателката на Парламентот на Албанија, Елиса Спиропали.

Премиерот Христијан Мицкоски ја пофали билатералната соработка со Албанија и напредокот кон европските интеграции и истакна дека двете наши земји одамна го заслужиле членството во ЕУ.

Претседателот на најголемата опозициска партија во државата СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Венко Филипче, по средбата со Спиропали соопшти дека со претседателката на Парламентот на Албанија се согласија дека Северна Македонија и Албанија мора заедно да продолжат по европскиот пат, со фокус на исполнување на обврските и размена на искуства во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија,што е важно за иднината на граѓаните на двете држави.

– Актуелната власт не презема конкретни чекори во однос на забрзување на процесот на евроинтеграција на државата и покрај тоа што ветуваа дека дека ќе ја подобрат преговарачката позиција. Во моментов имаме ситуација кога патот кон ЕУ е доведен во ризична состојба, а со тоа и иднината на државата, рече Филипче.

На 19 септември, кога се одржа состанокот во Брисел, пораката која ја испрати Фон дер Лајен беше дека сите шест земји партнери од Западниот Балкан и припаѓаат на Европа.

„Тоа е она на кое што работиме. Паралелно, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашите со нашиот План за раст од 6 милијарди евра за регионот, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Северна Македонија и Албанија досега заедно чекореа по евроинтегративниот пат. На 19 јули 2022 година тие ги одржаа првите меѓувладини конференции со ЕУ, но досега ниту една од нив не ги отвори првите поглавја.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на конференција за Заедничката надворешна и безбедносна политика и Заедничката безбедносна и одбранбена политика во Будимпешта на почетокот на септември изјави дека целта е во октомври да се одржат нови меѓувладини конференции со Србија, која веќе има отворено кластери, и со Албанија, „а можеби и со Северна Македонија“.

За Северна Македонија да продолжи понатаму на патот кон ЕУ треба да направи уставни измени со кои ќе ја вметне бугарската заедница во Преамбулата од Уставот.

Дестан Јонузи

 

Tags: Венко ФиличеВладаЕлиса СпиропалиЕУСДСМСкопјеТиранаХристијан Мицкоски
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Ливерпул е заинтересиран за неколку играчи на Баер Леверкузен

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk