Сите ветувања дадени на граѓаните пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, за 100 дена владеење, се докажаа дека се за изборна манипулација и играње со националните чувства на граѓаните, вели во изјава за „Фронтлајн“ политичкиот аналитичар Дритон Зенку, зборувајќи за првите 100 дена од коалициската влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ.
– ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја формираше новата влада, останува на своите поранешни опозициски позиции. Употребата на новото име и договорот за добрососедство со Бугарија се двете точки кои новата влада не ги укина, иако моќта што ја има во Парламентот тоа им го овозможува. Ништо не изненадува, бидејќи ваквиот пристап на новата влада беше очекуван. Првиот неуспех на владата е одвојувањето на Албанија на патот кон ЕУ. Ставовите на Мицковски на средбите во странство се најдобар показател за ориентацијата на новата влада. Тие ја презедоа улогата на диригент, а не на еден од членовите на Европската филхармонија. Овој пристап на новата влада, мислам дека нема да биде успешен. Долгот од Унгарија и посетата на Орбан, односите со Бугарија и Грција, но и официјалниот пристап на Тирана, се првите плодови на новата политика во Скопје, смета Зенку.
Дестан Јонузи