ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анонимни извори за ЦивилМедиа откриваат можни големи промени во владата на Мицкоски: Се спрема ли милитаризација на врвот на Министерството за одбрана?

October 3, 2024 11:16
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА

Дали се спрема првата посериозна промена во владата на Христијан Мицкоски, само 100 дена откако ја воспостави? Неофицијални извори во владата, кои побараа да останат анонимни, откриваат дека веќе во ноември се планира првата реконструкција во владата на Мицкоски, вклучувајќи и смена на врвот во Министерството за одбрана.

Според изворите, како најсериозен кандидат за нов министер за одбрана се споменува Драган Ковачки, кој во ноември го исполнува законскиот услов да биде носител на извршна функција во Владата. Ова наметнува едно алармантно прашање – дали е во најава милитаризација на ова министерство, имајќи предвид дека Ковачки, пред да стане пратеник во парламентот, беше активен армиски офицер со чин полковник.

Доколку се случи, назначувањето на Ковачки на највисоката функција во Министерството за одбрана ќе значи напуштање на демократската пракса за цивилна контрола врз вооружените сили, што е невообичаено, без оглед на тоа што законското ограничување веќе не важи. Тоа ќе претставува преседан во една земја членка на НАТО, воено политички сојуз каде што највисоката функција генерален секретар ја извршува цивилно лице, додека воените лица се тие што командуваат со оружените сили.

Што ќе се случи со актуелниот министер Владо Мисајловски? Според засега непотврдените информации од нашите извори, актуелниот министер Мисајловски ќе биде назначен за амбасадор во ООН на местото на проф. д-р Љубомир Фрчкоски. Испаѓа дека тој само ја греел министерската фотелја на својот партиски колега, додека истече законскиот рок на забраната за униформирани лица да извршуваат владини функции. Ако се сеќавате, Ковачки беше понуден како министер за внатрешни работи во преодната (пржинска) влада пред парламентарните избори во мај, што на крајот не се случи, меѓу другото, и заради законските пречки, па беше назначен адвокатот на Мицкоски, Панче Тошковски.

Дали се работи само за калкулации околу нови кадровски решенија и кога точно ќе се направат тие промени, не е познато. Не е познато ниту кои партии се во комбинација и што ќе произлезе од интензивната меѓупартиска комуникација што се одвива зад кулисите. Во секој случај, невообичаени се промени во врвот на едно исклучително значаен ресор како што е одбраната, на самиот почеток од мандатот на владата, а уште повеќе ако висок армиски офицер е во таа комбинација.

Но тоа не единствениот „куриозитет“ што се врзува со името Драган Ковачки. Да се потсетиме на само неколку од „славните“ епизоди на Ковачки на јавната и политичката сцена во земјата. Јавноста се сеќава дека полковникот Ковачки уште додека носеше војничка униформа беше исклучително ревносен војник, но не на Армијата, туку на ВМРО-ДПМНЕ. По интензивниот партиски ангажман за време на својата служба како висок офицер во Армијата, тој на крајот немаше избор, па ја симна војничката униформа и ја замени со партиско-политички функции.

За време на својата служба во Армијата, Ковачки повеќе пати „се истакна“ со дрски напади и јавна дискредитација на првите луѓе на Министерството за одбрана, поранешните министерки за одбрана, Радмила Шекеринска и Славјанка Петровска. Тој не се воздржа ниту од напади кон своите колеги под униформа – упати закани и до началникот на Генералштабот, генерал Васко Ѓурчиновски, во која меѓу другото напишал и „долга е раката на ВМРО“. За заканите против ген. Ѓурчиновски, тој беше јавно опоменат и казнет од министерката Шекеринска. Не треба да се изостави и тоа дека Ковачки изгуби судски спор со Петровска по серијата навреди и клевети изнесени против неа во јавноста.

Во неколку наврати, Ковачки стаса и во извештаите на ЦИВИЛ Мониторинг тимот, поради ширење дезинформации. Во една прилика, тој нервозно му возврати на ЦИВИЛ нарекувајќи ги „Џабирите“, но само откако ја избриша фотографијата и лажните вести за министерскиот совет на ОБСЕ што се одржа во Скопје мината година. Своевремено, А1он објави допис од НАТО според кој Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, нешто што остана нерасчистено во јавноста, иако тој тврдеше дека тоа е неточно.

Своевремено, СДСМ преку прес конференција, јавно постави прашање каква улога имал Ковачки во насилните антиевропски протести во јули 2022, во кои беше идентификувано силно влијание од руските инсталации во земјата

Ковачки ја вознемири јавноста ширејќи шпекулации на социјалните мрежи за наводно нелегално присуство на полициски службеници од Косово, кои всушност дојдоа да помагаат во потрагата по возилото од Косово кое падна во реката Лепенец при што загинаа три лица, соработка што е претходно регулирана со меморандум за соработка.

Но најважно од сѐ во оваа сторија е неофицијално најавената можност висок армиски офицер да води министерство. Тоа е во суштина спротивно на демократските принципи. „Легалистичкиот“ пристап во овој случај е манипулативен и може да се опише со изразот недемократски процедурализам со кој проф. Фрчкоски ги опиша практиките на режимот на Груевски во колумната „Пастријада“ во порталот Либертас.

Треба да се земе предвид дека анонимните извори можат да откријат само дел од маневрите што се подготвуваат во владата. Вистинските намери и последиците од овие промени, особено во Министерството за одбрана, ќе станат јасни со тек на времето, но историјата на Ковачки остава сомнеж – дали овие рокади навистина се за доброто на земјата или ќе останат само продолжение на политичките сметки и пресметки, добро познати од минатото и својствени за партијата што сега е на власт.


Преземено од Цивил Медиа (Текстот се потпира врз информации што ги откриваат владини извори кои од новинарот побараа да останат анонимни. Останатите информации и линкови се од веќе објавени содржини. Ставовите изнесени во текстот се на Авторот).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk