Меѓу партнерите од владината коалиција има различни изјави за уставните измени и непречениот напредок на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија.
Додека коалициониот партнер ВРЕДИ вели дека е „гарант“ дека ќе има уставни измени, премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема придвижување во оваа насока. Лидерот на опозициската партија СДСМ, Венко Филипче, вели дека за ова прашање е потребен политички консензус, поточно национален план, а од Европската комисија велат дека без уставни измени нема преговори за членство.
Извршниот директор на ЕВРОТИНК, Димитар Николовски, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека за излез од оваа ситуација, потребно е да се објави планот на владата, и да се обидат да направат консензус со сите релевантни политички чинители во државата.
– За излез од оваа ситуација, потребно е да се објави планот на владата, и да се обидат да направат консензус со сите релевантни политички чинители во државата, вклучително и ВЛЕН и опозицијата. Во спротивно, можеме да се соочиме со владина криза за три месеци, вели Николовски.
Тој не верува во способноста за менување или адаптирање на преговарачката рамка онака како што нашата влада тоа го замислила.
– За таква една голема промена, потребна е едногласност меѓу земјите-членки. За таква едногласност, потребни се моќни партнери и поддржувачи, кои би биле наши гласноговорници на ниво на Брисел. Такви во моментов немаме, а сметам дека дури и губиме симпатии со последното недолично однесување кон Бугарија на наш висок владин претставник. Наш единствен партнер во ЕУ во моментов е Унгарија, која е не е нешто многу влијателна држава во Унијата, нагласи тој.
Дестан Јонузи
Поврзано;