ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ружин: Ние не преговараме со Бугарија, туку со ЕУ

October 22, 2024 18:39
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Нано Ружин

Нано Ружин

„Драго ми е што постои еволуција во размислувањето на оваа владејачка гарнитура. Тогашната опозиција, сегашна владејачка гарнитура, излегуваше со прикаските како „северџани“ и така натаму, но сега изгледа го сфатија значењето на овој договор и мислам дека тоа треба да се поздрави, едноставно треба да се поддржи таквиот начин на размислување“, вели во изјава за „Фронтлајн“- Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, коментирајќи ја изјавата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дадена во Салцбург дека „Преспанскиот договор е брилијантно ремек дело“.

– Предлогот на Мицкоски прво да се отпочнат преговорите а после да се одложи датумот на имплементацијата на одлуката за внесување на македонските Бугари во Преамбулат на Уставот, не е прифатлив за Европската унија бидејќи таа ни даде до знаење. Кога сте на власт, треба да ги трпите и последиците против кои вие на времето сте реагирале, сте критикувале, сте ја освоиле власта. Сега, сето тоа мора да се компензира во јавното мислење во негативна или позитивна смисла, подвлече Ружин.

Според него не може Преспанскиот договор да биде модел за решавање на проблемот со Бугарија. Бидејќи, како што нагласи, се работи за сосема различни содржини.

– Во принцип во Преспански договор преовладуваше една емпатија која што ја нема кон договорот со Бугарија, значи емпатија од наша страна и од страна на тогашниот премиер на Грција, Ципрас, така што добро е, прво да дојде до загревање на односите. На сите треба да им е јасно дека при меѓународното преговарање нема опција вин-вин, тоа значи дека мора нешто и да дадете. Оно што е исто така битно е дека ние не преговараме со Бугарија, туку преговараме со Европската Унија. Бугарија ги кажала своите ставови, ние сме ги прифатиле и тие треба да се исполнат. Според тоа, да повторам, добро е да си има духот на Преспа во смисла на попуштање и на изнаоѓање компромис меѓу страните, добро е да се биде порешителен, добро е да се има желба да се реши проблемот и да се биде свесен дека кога преговарате, никогаш нема да имате апсолутен победник, анализира професорот.

Д. Јонузи

Поврзано: 

Како приказните за „северџани“ сега стануваат брилијантно ремек дело за Мицкоски?

Tags: БриселЕУНано РужинПреспански договорСкопјеСофија
Next Post

Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk