ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Како приказните за „северџани“ сега стануваат брилијантно ремек дело за Мицкоски?

October 22, 2024 12:59
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

„Драго ми е што постои еволуција во размислувањето на оваа владејачка гарнитура. Тогашната опозиција, сегашна владејачка гарнитура, излегуваше со прикаските како „северџани“ и така натаму, но сега изгледа го сфатија значењето на овој договор и мислам дека тоа треба да се поздрави, едноставно треба да се поддржи таквиот начин на размислување“, вели во изјава за „Фронтлајн“- Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, коментирајќи ја изјавата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дадена во Салцбург дека „Преспанскиот договор е брилијантно ремек дело“.

Нано Ружин

– Предлогот на Мицкоски прво да се отпочнат преговорите а после да се одложи датумот на имплементацијата на одлуката за внесување на македонските Бугари во Преамбулат на Уставот, не е прифатлив за Европската унија бидејќи таа ни даде до знаење. Кога сте на власт, треба да ги трпите и последиците против кои вие на времето сте реагирале, сте критикувале, сте ја освоиле власта. Сега, сето тоа мора да се компензира во јавното мислење во негативна или позитивна смисла, подвлече Ружин.

Според него не може Преспанскиот договор да биде модел за решавање на проблемот со Бугарија. Бидејќи, како што нагласи, се работи за сосема различни содржини.

– Во принцип во Преспански договор преовладуваше една емпатија која што ја нема кон договорот со Бугарија, значи емпатија од наша страна и од страна на тогашниот премиер на Грција, Ципрас, така што добро е, прво да дојде до загревање на односите. На сите треба да им е јасно дека при меѓународното преговарање нема опција вин-вин, тоа значи дека мора нешто и да дадете. Оно што е исто така битно е дека ние не преговараме со Бугарија, туку преговараме со Европската Унија. Бугарија ги кажала своите ставови, ние сме ги прифатиле и тие треба да се исполнат. Според тоа, да повторам, добро е да си има духот на Преспа во смисла на попуштање и на изнаоѓање компромис меѓу страните, добро е да се биде порешителен, добро е да се има желба да се реши проблемот и да се биде свесен дека кога преговарате, никогаш нема да имате апсолутен победник, анализира професорот.

Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на 20. Европски самит во Салцбург посветен на ЕУ и реформите изјави дека дури и Бугарите да се внесат во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за шест месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

– Ако Преспанскиот договор беше „ремек-дело“ на европската дипломатија, нешто што е, да речеме, „брилијантно“, зошто тогаш ова ремек-дело не го повториме за изнаоѓање на конечно, трајно и одржливо решение за овој вештачки спор, изјави Мицкоски.

Албанија на 15 октомври го отвори првиот кластер од преговорите со Европската Унија, додека Северна Македонија беше одвоена од тој пакет затоа што не го исполни условот да го смени Уставот и да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата.

Ставот на Мицкоски е дека треба да се репреговара т.н. француски предлог од кој произлезе условот за уставни измени, односно тие да се направат, но со одложено дејство – да важат од моментот на зачленување на Северна Македонија во ЕУ. Идеја, којашто според претходното објаснување на Мицкоски, не е прифатена од ЕУ.

Како Мицкоски од најголем противник на договорот од Преспа – сега го бара како модел за решавање на проблемот со Бугарија? Ова, за домашната и меѓународната јавност, претставува новина и изненадување.

Но, што изјавуваше Мицкоски за Договорот од Преспа?

Во телефонска изјава за Сител на 08 ноември 2018 година, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ силно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија, но со сите демократски алатки ќе се бори против Преспанскиот договор и промената на уставното име.

-Впечатокот е дека ВМРО-ДПМНЕ применувало насилни методи, дека ВМРО-ДПМНЕ се заканува, ги уценува луѓето во Република Македонија, што апсолутно не е точно. Имав можност да ја претставам и нашата страна, нашето гледиште на работите во Република Македонија, како ВМРО-ДПМНЕ делуваше, но и како ќе делува во иднина. ВМРО-ДПМНЕ останува противник на договорот од Преспа, односно на целокупниот овој процес на промена на Уставот, со цел промена на името и идентитетот на државата се разбира. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски алатки и методи да се спротистави на овој процес- рече Мицкоски.

Додека, на 17 октомври Мицкоски му одговори на помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел дека Договорот за името е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ.

Дестан Јонузи

Tags: ЕУНано РужинПреспански договоруставни изменифранцуски предлогХристијан Мицкоски
Next Post
Фото: Горан Наумовски / ЦивилМедиа

Збунка

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk