ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ЕУ не ја интересираат „условите и диктатите“ на Мицкоски: Треба да се направат уставните измени

October 25, 2024 12:11
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по средбата со премиерот Мицкоски ја повтори јасно пораката што ја слушаме од ЕУ и во последно време, но и повеќе од две години наназад – дека треба да поминат уставните измени на кои се согласила нашата земја, за да може да продолжат преговорите и да се отвори патот кон полноправно членство во ЕУ, коментираат за „Фронтлајн“, политички аналитичари.

– Фон дер Лајен нагласи дека ова е важно прашање, и дека не треба да гледаме премногу кон минатото, туку кон иднината. Останува да се види, дали власта во земјата ги прима сериозно овие пораки и дали има конкретен план за надминување на застојот со усвојувањето на уставните измени, изјави за „Фронтлајн“, раководителот на Институтот за медиуми и аналитика ИМА, Петрит Сарачини.

Мухамед Халили, поранешен амбасадор вели дека Урсула фон дер Лајен им порача на политичката елита во земјава дека прво Бугарите треба да се внесат во Устав, а потоа се отвара патот кон ЕУ.

– Таа кажа дека прво Бугарите во уставот, потоа се отвара патот кон ЕУ. ЕУ не ја интересира што компромис ќе прават власта и опозицијата. Важно е тоа што ветил поранешната Влада на СДСМ да го реализира ВМРО-ДПМНЕ. Така досега бараше ЕУ. Поранешните високи државници Пендаровски и Ковачевски после првичното одбивање ја прифатиле француската рамка во име на државата и таа сега е должна да ја реализира и под улсов да не се сложува, изјави Халили за „Фронтлајн“.

Шарл Мишел во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) изјави дека ЕУ не смее да дозволи Западниот Балкан да западне во „сива зона“.

– Ако сакаме поголема стабилност, поголема безбедност, просперитет во иднина, не смееме да дозволиме земјите од западниот Балкан да западнат во „сива зона“, каде некои други ќе играат игри за да ги дестабилизираат тие држави и нивните институции, да ја дестабилизираат еу и да ги дестабилизираат вредностите и демократските принципи, порача Мишел.

Тој потенцира дека би било апсурдно ако ЕУ не го забрза пристапувањето на земјите кандидати за членство, но дека тој процес не е само одговорност на Унијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази очекување дека земјава ќе го продолжи патот кон членството во ЕУ отворајќи го кластерот Фундаментални вредности, колку што е можно поскоро, но потсети дека за тоа се потребни уставните измени за кои, како што кажа, државава се согласила дека ќе бидат усвоени.

– Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните измени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе се направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече Урсула Фон дер Лајен.

Одвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија на патот кон интеграција во Европската Унија е веста што ги заокружува првите 3 месеци од владата на ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ.

Пред изборите, уставните измени беа услов за влез во Владата на албанските партии, но ВРЕДИ влезе во Владата давајќи 6-месечен простор да се постигне ова.

Нема сигнали дека истите можат да се направат.

ЕУ одлучи да отвори преговарачки кластери само со Албанија, додека за условите дадени на Северна Македонија, Мицкоски рече НЕ, благодарам, продолжувајќи да не го прифаќа договорот со Бугарија, а излегоа и со идеја за „француски предлог плус“. Од друга страна, непочитувањето на уставното име Северна Македонија, неколку пати го изнервира јужниот сосед Грција.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУСеверна МакедонијаСкопјеСофијауставни измени

НАЈНОВО

Дуња Иванова македонска претставничка на Европското првенство во МТБ Маратон во Казела, Италија

June 3, 2025

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП

June 3, 2025

Општинскиот инспекторат ја евидентирал големата прашина поради рушење објект низ Тетово, Касами најави постапка

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk