ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонија: Мочка врз акварелот!

October 26, 2024 11:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Луѓето го почувствуваа искуството на радикалната дезориентација.

И не би го менувале за ништо нормално.

Поместени се во контекст во кој загубеноста е начин на постоењето, животен стил.

Ги издава одот, зборот, манирот, испарувањето што како група го оставаат зад себе.

Бескрајни расправи за политиката, историјата, за предавниците и патриотите.

Неподносливо банални.

Порано, кога некој ќе одлепеше, го заебаваа, сега сите се одлепени и нема повеќе кој кого да заебава.

Малку се како надувани, едно ќе кажат, па по втор пат го слушаат тоа што го кажале како некаков одек.

Како во Тангер од кифот.

Овие тука дрогата ја викаат вмро.

Сите се надуени.

Отапени се.

Светата водичка на црквата им делува како дополнителна анестезија.

Мислите им се утепани.

Само го повторуваат тоа што го кажале вчера.

Личат на џубокси со една плоча која врти на погрешни вртежи.

Плитки се и себични.

Можеш на живо да им ја смениш днк лентата и да ги претвориш во крокодили само ако им кажеш дека ќе можат да кажуваат дека се крокодили од македонско потекло.

И дека ќе бидат горди.

Без Бугари во барата.

Со 5 отсто повеќе месо со ручек.

Не знам зошто престанаа да пијат алкохол.

Таа апстиненција нанесе голема штета на нивната  ментална и психичка кондиција, на рефлексите и на животноста.

Бронза.

Коњи со сомнителни типови и чистокрвни идиоти востоличени во јунаци.

Некои од тие безвезњаци на реверите имаат и химнични одликувања.

И филмски кулиси кои не можат да се спарат со никакви луѓе од кое било време освен со овие тажни суштества кои борејќи се за својот идентитет, полека забораваат што се.

Всушност, не се ништо.

Велат дека ќе се објави меѓународен тендер за национален идентитет на Македонците.

Про форма, зашто сите знаат дека вмро ќе ги шитне за џабе.

Мртви пувала кои тераат строго ограничени и еднолични муабети испрекинати со пар досетки.

Сите сите ги лажат.

Нема ронка искреност.

Злоба, сеир, омраза кон сѐ што не е расипано.

Или е на друг начин различно од оние што се симнуваат од историската сцена.

Впечаток е дека сите се умрежени и работат за некого или за некоја служба.

Никој не е сам.

А тоа е најзаебаната состојба на духот.

Службата им ги протера мислите.

Дури и кога бараат преглед преку ред или да се скине некоја казна-тоа е дел од дневната рутина.

Мала инцестуозна средина.

Организам кој се држи на куп со лигаментите на корупцијата.

Не на културата.

Одбраната на идентитетот беше расипано навлекување за да се истенчи тој идентитет во бескрајната еднолична и бесмислена одбрана.

Македонците се како навивачи кои го напуштаат стадионот десет минути пред крајот на мечот зашто нивната екипа губи 10:0.

Пешачки улици од чии шахти продира несносната смрдеа на скопските фекалии.

Тоа им е знак покрај патот по кој одат назад.

Исти кафулиња, исти кафеани, лоши патишта под напад на околната трева и грмушки.

Опожарени шуми.

Коцкарници, ширење на продавниците со евтина роба, продавници за пари, празни дуќани на убави локации, безброј нови згради со деловни објекти во кои нема да има кој да живее и да работи.

И кучиња.

Кои спијат на плоштадот или ги разгледуваат културните знаменитости на Скопје шверцувајќи се во туристичките групи со водич.

Грандиозна железничка станица без возови.

Служи како покриена станица за градските автобуси и за одмор на коњите што ги влечат колите за собирање на ѓубрето што го селектираат нивните газди.

Премиерот на државата гледа како што пироманот гледа на зелената шума.

Така изгледа бонбоната на неговиот поглед кога ќе се отстрани благородниот станиол за стрвливите  простаци.

А претседателката во Шато Водно личи на пациентка во некој планински санаториум.

Ивица ѝ мери притисок, а Жидас ѝ подготвува чај.

Има и лулашка.

Помилувани берат марули во дворот и прават салата од државата.

Општествениот договор е раскинат.

Власта е Акционерско друштво за демонтажа на државата и Агенција за вработување и ослободување.

И пљачка, нормално.

Македонија беше убав акварел врз кој Македонците решија дека ќе се измочаат.

Сакале масло на платно!


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МТКФ

Каратистот Дејан Недев освои трето место во кати на ИКУ Светскиот шампионат

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk