ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анализа: По победата на Трамп, Северна Македонија би се адаптирала според однесувањето на големите сили

November 7, 2024 14:03
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Повторната појава на Трамп на политичката сцена ќе ја промени и геополитичката и економската структура во Европа, бидејќи главните профекционистички мерки ќе бидат насочени кон државите кои што не многу извезуваат во САД. Северна Македонија би се адаптирала според однесувањето на големите сили и во таа насока, како членка на НАТО, би се приклониле кон глобалната политика на Алијансата“ – вели за „Фронтлајн“, Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, зборувајќи за победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и неговиот пристап кон глобалната политика.

Нано Ружин

– Изненаден сум од молчењето на политичките партии во нашата држава што не развија една поконзистентна теорија околу тоа што носи победата на Трамп на економски, социјален, политички или стратегиски план. Победата на Трамп не може директно да има влијање врз политичките, економските, социјалните, стратегиските и културолошките позицији во нашата држава, бидејќи Трамп, како што самите знаеме, се изјасни дека за него најглавен слоган во политиката пред се е САД. Тоа значи дека акцентот ќе биде ставен врз протекционизмот, заштитата на американскиот пазар со воспоставување на протекционистички мерки на увозот. Сега, ако имаме некој увоз на наши производи, торговија, што веројатно е во мали проценти, тие компании од нашата држава можат да бидат погодени, вели Ружин во својата анализа за „Фронтлајн“.

Според него, САД нема да покажат многу голем интерес кон Западен Балкан, бидејќи тоа не е опасно жариште кое може да дегенерира, барем во првата година или втората.

– Мислам дека просторот тука е оставен на Европската унија да ги разреши проблемите кои постојат во државите на Западен Балкан, односно во нивните заемни односи. Доколку се случи државите на НАТО од Западен Балкан, да бидат исто така должни да го зголемат својот придонес – буџет во рамките на Алијансата, тоа може да значи, да се бара како некоја промена, односно зголемување на тој придонес до речеси 3% иако до сега тоа јавно не е кажано, но меѓу тоа постои, подвлече тој.

Оно што е битно, додава нашиот соговорник, е глобалната стратешка позиција на Трамп во однос на Украина.

– Тоа е дека Украина според трампизмот не може да стане членка на Алијансата и дека Трамп ќе инсистира на воспоставување на мир меѓу Русија и Украина. Северна Македонија би се адаптирала според однесувањето на големите сили и во таа насока, како членка на НАТО, би се приклониле кон глобалната политика на НАТО. Инаку постојат многу опции дека наводно Трамп може и да го распушти НАТО, што не е точно, односно, хипотетички е можно, но за таа процедура му се необходни две третини гласови од Сенатот и, исто така, во представничкиот дом. Двата дома на Американската парламент, на Конгресот, мора да гласаат дури две третини во Сенатот, што и така така не е можено. Освен тоа, САД има и одредени интереси да опстои Алијансата, бидејќи огромен број од државите на НАТО кои што се наоружуваат, речиси 60% од европските држави купуваат оружие од САД, потенцира нашиот соговорник.

Професорот Нано Ружин смета дека повторната појава на Трамп на политичката сцена ќе ја промени и геополитичката и економската структура во Европа, бидејќи главните профекционистички мерки ќе бидат насочени кон државите кои што не многу извезуваат во САД, а тоа се Велика Британија, Германија, Холандија, Франција.

Селим Ибраими
Селим Ибраими

Селим Ибраими од Институтот за безбедносни студии и развој – „ИССД-Македонија“ вели дека победата на Трамп ќе има позитивни ефекти за државата.

– Како што претходно сум најавил во пишаните дописи од САД дека во случај на победа на Доналд Трамп (а тоа се случи), такво нешто ќе има позитивни ефекти за владата на Мицкоски, бидејќи владата во Скопје ја поддржа кампањата на Трамп во САД, со вклучување на македонската дијаспора. Владата на Мицкоски изгради одлични односи со тимот на Трамп, т.е. силни врски меѓу двете земји. Впрочем, со доаѓањето на новиот тим во Стејт департментот, многу прашања може да одат во прилог на отворениот проблем со Бугарија, каде владата во Скопје смета дека со американски притисок ќе може да добие нови позиции кон Бугарија. А такво нешто со новата американска администрација може да се случи. Следно, треба да почекаме дали ќе има нова политика која ќе ја принуди владата да започне вистински реформи за членство на земјата во ЕУ до 2030 година, изјави Ибраими за „Фронтлајн“.

На сите нивоа, подвлекува тој, односите меѓу САД и Северна Македонија ќе се развиваат како такви, без разлика кој е на власт во САД.

„Меѓу Трамп и ВМРО ДПМНЕ, како и во цела Европа каде десничарските партии имаат добри односи, тимот на Мицкоски има постабилен начин да ги реши проблемите на Северна Македонија на Балканот со нејзините соседи“.

Пораки со честитки за победата на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп на 47-те претседателски избори во САД упатија македонскиот државен врв и опозициските лидери. Сите со очекување да се продлабочи стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Доналд Трамп треба да ја презеде должноста во јануари 2025 година.

Дестан Јонузи

Tags: БриселДоналд ТрампЕУНАТОСеверна МакедонијаУкраина
Next Post

Величковски: Односот на Трамп кон Северна Македонија ќе биде во рамките на односите на САД со партнери во НАТО и ЕУ

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk