Финскиот премиер Петери Орпо денеска изјави дека европските земји треба да испратат јасна порака до Соединетите Американски Држави и администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека ќе ја поддржуваат Украина се додека е потребно.
-Нашата порака мора да биде јасна и силна, им рече Орпо на новинарите пред состанокот на европските лидери во Будимпешта.
Според последните податоци, Трамп на претседателските избори во САД освоил 295 електорски гласови, додека кандидатката на Демократската партија Камала Харис освоила 226 електорски гласови.