ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски за Фронтлајн: Ја критикуваа визијата на СДСМ за поголема промоција на македонското вино, а сега Мицкоски се горде со нашиот проект

November 26, 2024 15:38
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Влада на СДСМ во изминатиот период водеше повеќе успешни процеси на регионален и меѓународен план кои од тогашната опозициска ВМРО – ДПМНЕ беа оспорувани и кочени. Ниту како опозиција ниту како власт тие немале искрен пристап и однос кога се во прашање интересите и придобивките на граѓаните, вели во изјава за „Фронтлајн“, Љупчо Николовски, поранешниот министер за земјоделие и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, коментирајќи ја дводневна посета на премиерот Христијан Мицкоски на Белград на саемот на вино, кој се организира во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

„Тоа може да го видиме по тоа што откако се власт го прифатија новото уставно име, Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, членството во НАТО. А го ветуваа спротивното. Еве пред неколку дена можевме да ги видиме премиерот, двајца вицепремиери, министри и бројни други функционери како преку медиумите и социјалните мрежи ги пренесуваа позитивните импресии од нашето учество на саемот Винска Визија во Белград – кој е директен резултат на иницијативата за Отворен Балкан“ – вели Николовски.

Со години, додава тој, ја критикуваа нашата визија за поголема промоција низ светот на македонското вино, настапот на светките саеми, ги критикуваа новите политики и развојни програми преку кој бројката на регистрирани винарии достигна над 300 винарии а тоа допринесе континуирано да расте и извозот и конечно успехот да се позиционираме како прва земја во регионот и 13 во светот по извоз на вино.

– До вчера во опозиција критикуваа и кочеа, за да денес самите се гордеат и ги повторуваат овие бројки и успеси а со тоа и даваат признание на исправните политики. Но тоа не е искрено. Кога се одбележуваше првото издание на овој Саем, ВМРО – ДПМНЕ имаше само една цел – да ја засени успешната организација и бројните награди за македонските вина преку изнесување на шпекулации во домашната јавност за наводно трошење на големи пари за самата организација и го критикуваше тогашното присуство на функционери од Владата за само 2 години подоцна од позиција на власт да го преплават саемот со присуство на премиер, вицепремиери, министри, генерални секретари, директори на Агенции и Фондови и десетици кабинетски службеници, наведува нашиот соговорник.

Отворен Балкан е регионална иницијатива создадена од Северна Македонија, Србија и Албанија која е посветена на обезбедување услови за практикување на четирите европски слободи за што е можно повеќе граѓани и компании на Балканот. Отворен Балкан е засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

Дестан Јонузи

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕЉупчо НиколовскиОтворен БалканСДСМ
Next Post

Омилениот нискобуџетен филм на Тарантино

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk