ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Славески и Арсовска повторно топло-ладно со скопјани: Приватните превозници пак се исклучија од сообраќај

November 27, 2024 19:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Приватните превозници ги исклучија автобуси од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Според информациите, иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Тој на денешната едница информираше дека иницијативата била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.

– Иницијативата е доставена доцна за да биде вклучена во оваа седница. Иницијативите се доставуваат до градоначалникот за мислење, а што не било случај со оваа. Таа ќе биде доставена денеска до градоначалничката Арсовска. Откако ќе биде разгледана од нејзина страна, иницијативата треба да биде вратена до Советот, објасни претседателот на Советот на Град Скопје, Славески.

Од Град Скопје реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.

„Денешната седница на Советот на Град Скопје е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај. Напротив, денес повторно се докажува дека всушност тие се креатори на хаосот. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно, по 26 пат одбија да гласаат набавка на нови автобуси. Повторно го блокираа проектот за БРТ со кој Скопје би добил 60 нови автобуси во рамки на брзиот автобуски превоз. И како тоа да не е доволно, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот. Оттука, апелираме до граѓаните, следниот пат кога имаат можност својот глас да го дадат на локални избори за избор на Совет на град Скопје, да не веруваат на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од Град Скопје.

Tags: АрсовскаСлавески
Next Post

Нови потпретседатели на СДСМ - Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова, генерален секретар Александар Димитријевиќ

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk