ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Лидерска средба – за опозицијата „лек“ за тензиите, Владата смета дека е непотребна

December 3, 2024 13:44
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерска средба што ја побара СДСМ за опозицијата е лек за тензиите по настаните од изминатите денови кога се случија сериозни инциденти, со палење на државното знаме, пукање со оружје и поткопување на меѓуетничките односи. Од друга страна, според Владата – непотребна е лидерска средба

Ана Чупеска потпретседателка на СДСМ, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека она што го очекува СДСМ, е Владата да покаже максимум одговорност во врска со случувањата во земјата.

– Последните настани воопшто не се наивни, и оттука сметаме дека една лидерска средба е неопходна со цел, да упати порака за смиреност и за важноста на мирот и стабилноста, нагласи Чупеска.

Убедени сме, додава таа, дека ова не се моменти за дневнополитички поентирања, туку за државничко и максимално одговорно однесување.

– Истото се однесува и на барањето за национален консензус за ЕУ интеграциите на државата. Неколку пати повторуваме дека ќе дадеме поддршка на секое решение кое е реално оддржливо. За жал од Власта сè уште нема такво нешто, напротив, тие лавираат меѓу флоскулите за „одложено дејство“ и „дополнителни гаранции“, а обете се чинат како да се со „фантомски“ статус. Ниту ги објасниле, ниту некој ги видел. Затоа Филипче, во конструктивен тон, впрочем и предложи затворена Седница, во случај да тие нивни предлози се засегнати од извесна дискретност и доверливост. Ние, значи, и по двете точки, не бараме нешто за нас лично, туку бараме, одговорно водење на државата! Наместо да сведочиме за засилен од во неизвесност, изјави за „Фронтлајн“, Ана Чупеска – потпретседателка на СДСМ.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на итен политички дијалог за да се надмине тековната криза и да се спречи нејзина ескалација.

ФОТО: СДСМ

– Повторно ќе кажам, не гледам причина зошто некој не би учествувал на таква лидерска средба. Сериозна е ситуацијата, а се остава сомнеж дека некој има интерес од вакво влошување. Ако некој ја одбие таа средба, ќе сметам дека апсолутно има причина да се надева дека тензиите можат да донесат некаков политички бенефит, истакна претседателот на СДСМ.

Владата не гледа причина за лидерска средба. Вели дека има капацитет за да води институционални дијалози во рамките на извршната и законодавната власт.

– Како Влада не ја гледаме објективноста за барањето за средбата. За целта треба да ги прашате тие што ја барат. Сега имаме Влада која и во рамките на извршната и во рамките на законодавната власт има капацитет да води такви политички дијалози, сосема е чудно зошто ова барање за лидерска средба доаѓа преку медиумите, се надеваме дека знаат како се испраќат официјални барања за лидерска средба, нека испратат па ќе размислиме и ќе одлучиме. Ова Влада не работи за желбите на политичарите, исклучиво за интересите на граѓаните, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева, запрашана за барањето на опозицијата за лидерска средба.

Од ДУИ на Али Ахмети велат дека никогаш немале против за лидерски средби, но велат дека, многу е битно да се одлучи форматот на таквата средба.

– Многу е битно да се одлучи форматот на таквата лидерска средба, да не доаѓа до девалвација на тоа кој лидери ќе учествуват. Начелно ние немаме против, изјави организацискиот секретар и пратеник на ДУИ, Блерим Беџети.

Од коалицијата ВЛЕН за „Фронтлајн“ велат дека во принцип не се против, и дека како што велат „нема ништо лошо од средбите“.

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски смета дека лидерската средба ништо суштинско нема да се смени

– Лидерски средби меѓу власта и опозицијата треба да бидат нормални во демократски и цивилизирани земји, каде што ќе се разговара за сите суштински работи околу иднината на државата. За жал, поларизацијата меѓу елитите и секојдневното обвинување доведува до беспредметни средби на кои ништо суштинско нема да се смени, вели за „Фронтлајн“, Атанасоски.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува на итно одржување на лидерска средба со сите парламентарни партии заради настаните од изминатите денови кога се случија сериозни инциденти, со палење на државното знаме, пукање со оружје и поткопување на меѓуетничките односи.

Според опозицијата, овие настани, сериозно ги вознемирија граѓаните, удрија по темелите на соживотот, безбедноста и сигурноста.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: властВМРО-ДПМНЕВредиДУИЕУлидерска средбаМеѓуетнички тензииопозицијаСДСМ

НАЈНОВО

Промената на режимот во Иран не е дел од ставот одобрен од ЕУ, изјави портпаролот на Европската комисија

June 18, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Трагедијата во Кочани: Ноќта што гo промени градот и младите засекогаш

June 18, 2025

Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам искористете го

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Како аналитиката го убеди Клоп да го одбере Салах пред Брант за дресот на Ливерпул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk