ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home УМЕТНОСТ ПОЕЗИЈА

Мојата чаршија

December 7, 2024 12:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЕЗИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Tина Иванова, музиколог, продуцентка, писателка – секоја сабота на Фронтлајн.

МОЈАТА ЧАРШИЈА

Чекорам по мократа калдрма, додека ситниот дождец полека ги полни пукнатините на животот гасејќи ја жедта.

Наеднаш, радост!

Звукот на капки за миг се меша со оној којшто ме наежува. Гребење на нокти. Мачка којашто се лизга по ќерамидите. Нејзиниот пад на влажното чергиче пред златарата го означува точното време.

Будење

Ми се враќаат сеќавањата, вкусовите, мирисите.

Ме држи мајка ми за рака, таа облечена во бела, вештачка бунда, мириса на мошус.

„Твоето омилено?”

„Да!” Се кревам на прстињата од нозете за да ѕирнам во излогот на „Ригара”.

„Еден падобранец, Ве молам”.

Часот по балет ме истоштуваше.

И овој пат, како секогаш, правам патека за ново вљубување. Земам длабок здив за да почувствувам сè. Сè наеднаш. Одново!

Ќепенците се креваат како големо платно во театар.

Првите сончеви зраци ги галат излозите на малите дуќанчиња како љубовната прегратка на лирската мелодија и старата мандолина.

И почнува утринската химна.

Танцот на малечките лажичиња кои ѕвецкаат во хипнотичен ритам, го мешаат серумот за освестување во кршливите пехари.

Аромата од врелиот, црн чај, го изострува умот на кој конечно му се разјаснува дека животот е убав.

Нов ден се раѓа!

И јас ставам ново лице, љубопитно и возбудливо. Сега сум како детенце на саем за играчки. Очите не знаат со што попрво да се насладат.

„Не можам повеќе, овој ми е трети”.

„И онака денеска нема да одиме на последен час. Ај, уште по еден.”

Таа зависност од тахикардија по четири чаја во ,,Галерија” беше моето гнездо во кое се испилуваа нови и нови музички ноти чија рута до „Виктор и Викторија” ги соединуваше во возвишената Петта симфонија на Густав Малер.

Мирисот на ќебап и кромид се меша со оној на печени кикиритки кој се топи во димот со вкус на ванила од едно наргиле, додека првиот стих на езанот ги смирува душите. Дури и птиците во тие мигови ме пречекуваат со раширени крилја.

Носталгични слики пак ги окупираат моите мисли.

Признавам, прва почнав. Урлав пред „Арарат” затоа што ја гледаше онаа со црвената коса во „Мондријан”. Да, бев љубоморна. Ама, без ескалација. Доминираше таа лежерност и безгрижност на којашто се лепеа белите фармерки кои многу ми беше ќеф да ги носам со жолтото палто. На задниот дел стои печат од уље истурено на ѕидчето во „Куршумли ан” на коешто дремевме со евтино пиво во раце.

Којзнае од каде навјасаа сите овие луѓе. Убав народ. И туристи, многу туристи дојдоа да видат какво е ова чудо. Има нешто во таа какофонија од сетила изгравирани во ехото на чаршијата.

Мојата, твојата, медена чаршија, кадешто и неразбирливите јазици се разбираат и во глас и во тишина.

Љубов ќе да е, љубов до вечноста, ама и купишта љубов од минатото, како оставштина. Ја негувам, оти душата ќе се исуши.

Сонцето полека заоѓа.

Испиеното „турско” кафе евоцира спомени, додека во устата сè уште се чувствува вкусот на растопената коцка шеќер.

Ѕвонот на филџаните затворени во креденците ја најавува тивката ноќ. Опинците го водат последното бавно оро, додека филигранот почнува да плете приспивна песна смирувајќи го пулсот на ковачот.

Уморните дланки на занаетчиите се лепат за катанците, кога заспива и сиот сјај на златото.

Повторно зароси.

Капките од дождот конечно го откриваат својот лик под жолтите светилки.

Темнината по којзнае кој пат, прашува:

„Кој сака да умре додека ја има чаршијата во себе?”

Мора да се живее, оти утре е нов ден за свеж чај и ѓеврек. Или за лимонада со прегорен сутлијаш.

#poetryisnotdead

„Поезијата е поблиску до вистината, отколку историјата, рекол Платон.

Пишувам поезија и проза за да ја разберам осаменоста. За да ја засилам љубовта и полесно да се доближам до смртта. И, за да ги уништам злобата и лицемерието што се случуваат пред моите очи.” – Тина Иванова.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Не е дозволено преземање без писмена дозвола од редакцијата.

Прочитајте и…

Викај УРА!

Tags: poetryisnotdeadТина Иванова
Next Post

До крајот на денот врнежите ќе престанат, нови ќе има од утре попладне

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk