ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Груби сака поблага мерка – да не оди во притвор, на четворица осомничени за „Лотарија“ одземени се пасошите

December 17, 2024 11:40
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На четворица од осомничените во случајот „Државна лотарија“ им се одземени пасошите, а додека во текот на денот ќе се одлучи и дали за останатите осомничени кои не се во државата, поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија, Бајрами, ќе биде одреден притвор.

– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата поврзана со „Државна лотарија на РСМ“, за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1 т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено јавување на службено лице во судот, информираат од Кривичниот суд.

Од таму додаваат дека во текот на денот ќе се одлучи и по барањето на Обвинителството да им се одреди мерка притвор на првите двајца осомничени, односно на Груби и Бајрами.

-Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, велат од судот.

Од друга страна како што пренесе Фактор од свои извори во истрагата, Артан Груби веќе ангажирал адвокат. Тоа е Владимир Доневски, поранешниот адвокат на Драги Рашковски, кој вчера бил во Кривичниот суд да се произнесе за барањето од обвинителството за одредување на мерка притвор.

Му предложил на судијата на претходна постапка дека неговиот клиент Артан Груби е спремен веднаш да се врати во земјата доколку мерката притвор биде заменета со поблага мерка на обезбедување, како одземање на патна исправа. Судијата се уште не се произнел за барањето притвор, одлуката се очекува во текот на денот.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер, не е изненадена од името на Груби на црната листа.

„Тоа не е одлука, туку процес. Така што, за нас тоа никогаш не е политичко прашање. Не ни е намерата да се вклучиме во политиката. Значи, ако во неговиот случај, случајот беше завршен додека тој сè уште беше на функција, тогаш апсолутно ќе го пуштивме во тоа време, вака амбасадорката Агелер ги коментира последните номинации на црната листа на САД во интервју за Слободен печат. Вели, не бев изненадена од името на Артан груби на црната листа“.

Обвинителството отвори истрага против поранешниот вицепремиер Артан Груби и против поранешниот директор на Државната лотарија Перпарим Бајрами за проневери во службата. Биле извршени претреси во нивните домови. Истрага е отворена против уште четири лица, кои биле претседател и членови на комисија за два одделни јавни повици.

Полициски екипи извршиле претреси на девет локации во скопско и во кумановско поради сомнеж за сторен криминал во Државната лотарија. При извршените претреси се пронајдена околу 40 илјади евра. Кривичните пријави биле поднесени од Финансиската полиција и од МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција соопшти дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата околу аферата со криминалот во Државна лотарија.

– Поднесена е пријава против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, еден поранешен вицепремиер, еден поранешен директор на правно лцие и еден поранешен генерален секретар. Две од лицата не се достапни на органите на прогонот, изјави Тошковски.

Обвинителството со објаснување зошто истрага е отворена против 6 луѓе, иако кривични биле поднесени против 8 лица.

„По сите преземени дејствија од сите надлежни институции во конкретниот случај до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела“, соопшти Обвинителството.

Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција.

Груби, кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија. Папранику е сопственик на Нептун а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол.

Додека, поранешниот директор на државната лотарија занејќи или незнаеќи дека за него се води истрага одамана ја напуштил земјата.

Бајрами се сомничи за набавката на апаратите за коцкање во вредност од скоро 12 милиони евра. Финансиската полиција соопшти дека биле порачани 825 апарати од кои инсталирани биле околу 300, а останатите се чувале во магацин.

– Од прибраните докази произлегува основано сомнение дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во АД Друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија“ на РСМ, во текот на 2023 година, преку вршење на своите посебни овластувања и должности, заедно учествувале во дејствија на извршување на штета на акционерското друштво со намера да прибават противправна имотна корист за друг која се проценува на значителен износ од 501.319.119 денари од буџетот на акционерското друштво, соопшти Обвинителството.

Се истражува и изнајмувањето на објектот во Визбегово. Државната лотарија 13 месеци плаќаше закуп на поранешен ресторан за свадби за што потроши 300 илјади евра. Вредноста на договорот помеѓу Лотарија и фирмата „Хеј Дооел“ беше во висина од 2,6 милиони евра за 10 години. Сопственик на фирмата и на објектот е Асмир Јахоски, син на пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски.

Минатиот недела, Груби беше „закачан“ на црната листа на САД. Според Стејт департментот, тој и Апелациониот судија Енвер Беџети биле вмешани во корупција за да го спасат поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков од затвор.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Артан ГрубиДржавна лотаријаобвинителствоПанче ТошковскиПрпарим БајрамиФинансиска полиција

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk