ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Скопје од утре наутро ќе остане без вода, санацијата треба да заврши за помалку од 15 часа

December 20, 2024 13:01
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од утре рано наутро ќе почне акцијата за санација на главниот цевковод во Скопје. На терен на предвидените локации ќе работат Секторите ЕОК, Механизација и Водовод. Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод, соопшти денеска  ЈП „Водовод и канализација“  – Скопје.

– За оваа цел изготвен е оперативен план со кој се предвидува прецизна постапка за овој зафат со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат. Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби вода. Со затварање на Главниот Градски цевковод Ф1600мм поради санација на 5 затварачи по должина на оваа линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до крстосницата на булевар „Партизански одреди“ со ул. „Никола Парапунов“ ќе се изврши: Замена на нефункционален затварач Ф 400мм на кружен тек во Ѓорче Петров, Репарација на затварач Ф600мм на мост „Обединети нации“ кој тече, Заптивање на затварач Ф700мм на булевар „Партизански одреди“ кој протекува и замена на затварач Ф150 кој се наоѓа во истата шахта, Санација на затварач Ф700мм и Ф500мм на ул. „Никола Парапунов“ и Замена на 4 водушни вентили“, стои во соопштението од  ЈП „Водовод и канализација“  – Скопје.

Оттаму посочуваат дека согласно Оперативниот план за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600мм, Сектор Водовод превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.

– Во процесот на активности Сектор Водовод првично ќе направи проверка за исправноста на воздушните вентили, испусти и хидранти поставени по должината на цевководот Ф1600мм. По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност Сектор Водовод со екипи составени од 6 пункта носители на работата со обезбедена испомош на конкретни работници од други пунктови ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот, се вели во соопштението.

Од  ЈП „Водовод и канализација“  – Скопје апелираат да се внимава во изнесувањето информации и да не се предизвикува страв и паника кај граѓаните за неколкучасовното немање вода.

– Овој сериозен зафат се презема за да се превенираат состојби на дефекти како што се тие во Тетово, Битола, Штип и Неготино, каде со денови и недели немаше вода поради несанирани дефекти. За сите прашања во врска со статусот на операцијата Водовод и Канализација Скопје ќе бидат достапни за одговори во текот на целото времетраење на санацијата, нагласуваат од „Водовод и канализација“.

Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ)  издаде препораки за граѓаните во врска со најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје.

За граѓаните се препорачува – складирање на вода најмалку 4 литри вода по лице на ден, да се користи само за основни потреби како пиење, готвење и лична хигиена, да се користат средства за дезинфекција на раце ако нема достапна вода, да се готват оброци кои не бараат многу вода за подготовка и миење…

Без вода ќе бидат најголем дел од населбите низ градот, освен Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман.

– Останатите корисиници од Скопје ќе бидат без вода, посочуваат од претпријатието.

За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.

Како што појаснија, станува збор за повеќе затворачи на главниот цевковод од десната страна на реката Вардар, почнувајќи од СП – трговскиот во Ѓорче Петров, Порта Влае, Карпош, Тафталиџе, Водно, Центар, Кисела Вода, Драчево, Пинтија, 11 Октомври, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, сè до Зелениково и Студеничани.

Покрај оваа локација, од „Водовод и канализација“ информираат дека ќе бидат санирани уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод, и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до крстосницата на булевар „Партизански одреди“ со улица „Никола Парапунов“.

Потенцираат дека системска промена на пет децении стари затворачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во вторникот на акцијата за засадување на дрва кај новиот Мега Парк во општина Карпош, во врска со најавениот прекин рече дека нема да има потреба од дотур на вода, затоа што санацијата на дефектот нема да трае повеќе од една редовна санација на кој било друг дефект во градот.

Во одговор на новинарско прашање, Арсовска рече дека очекува санацијата на дефектот да биде завршена во текот на едно деноноќие, односно како што рече, согласно планот изготвен од страна на техничките лица од јавните скопски претпријатија, санацијата се очекува да биде завршена во што е можно во пократок рок.

Tags: ВодаСкопје
Next Post

Напаѓачот во основното училиште во Загреб е полнолетен, повредените надвор од животна опасност

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk