ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ништо конкретно на планот на ЕУ интеграциите, од Владата се очекува посветеност и уставни измени

December 23, 2024 11:44
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Самитот за Западен Балкан одржан минатата недела во Брисел заврши со ставот дека нашиот регион има свое место во големото европско семејство, но ништо конкретно за Северна Македонија, чија интеграциска аспирација остана заложник во законодавниот дом, поради неодобрувањето на уставните измени.

Извршниот директор на ЕВРОТИНК, Димитар Николовски, во изјава за Фронтлајн вели дека и покрај најавената дипломатска офанзива на нашата влада за адаптација на договорената Преговарачка рамка, засега нема ништо ново по ова прашање.

– И покрај најавената дипломатска офанзива на нашата влада за адаптација на договорената Преговарачка рамка, засега не постои разбирање од страна на челниците на ЕУ по ова прашање. Ова не значи дека зад затворени врати не постои воља да нѝ се излезе во пресрет, но тоа не го гледаме во овој момент. Дополнително, во Бугарија, без разлика која партија ќе дојде на власт, делува дека постои голем консензус за неменување на нашите услови. Сметам дека ќе останеме заглавени во оваа ситуација уште неколку години, вели Николовски.

„Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија“, се вели во Декларацијата што на крајот на Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел ја усвоија шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Унија и во која се додава дека проширувањето на Европската Унија е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот.

„Од нашиот последен Самит има нова динамика во процесот на проширување и забележителен напредок. Забрзувањето на пристапниот процес, заснован на кредибилни реформи од страна на партнерите, правична и ригорозна условеност и принципот на индивидуални заслуги, е во наш заеднички интерес“, се наведува документот.

Во него се посочува дека помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се сржта на Европската Унија, па затоа од суштинско значење е спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и со видливи резултати, вклучително и на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

„Сè уште се потребни решителни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашањата вкоренети во наследството на партнерите од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи, вклучително и со Договорот за прашањата за сукцесија, како и за случаите на исчезнати лица и прашањата за воените злосторства“, се вели во „Бриселската декларација“.

Во текстот се додава дека европските лидери се посветени и на приближување на партнерите од Западниот Балкан кон ЕУ уште во текот на пристапниот процес, при што се нагласува и дека Планот за раст на регионот има потенцијал да го удвои неговиот економски раст во следната деценија и да ја забрза социоекономската конвергенција меѓу него и Европската Унија, под услов „партнерите да ги спроведат реформите поврзани со ЕУ“.

Во Декларацијата се посочува дека Европската Унија ја поздравува решеноста на партнерите од Западниот Балкан да ги почитуваат основните европски вредности и принципи во согласност со меѓународното право и посветеноста на приматот на демократијата, основните права и вредности и владеењето на правото.

„Делиме заедничка иднина и се соочуваме со итни предизвици кои можеме да ги надминеме само заедно. На нашите граѓани им должиме да изградиме иднина на мир и просперитет, заснована на споделените принципи и вредности и заеднички интереси“, се вели, меѓу другото, во документот.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БриселВладаДимитар НиколовскиЕУСкопјеСофијауставни измени
Next Post
Фото: МИА

Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk