Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива денеска ги повика граѓаните на Србија да ги бојкотираат големите трговски ланци в петок на 31 јануари, пишува Данас.
Како причина за овој повик Ефектива посочи дека Србија има највисоки цени во Европа.
Ефектива потсети дека потрошувачите во Хрватска ги бојкотирале малопродажните синџири и со тоа ги намалиле приходите на тие синџири за дури 47 отсто.
„Време е потрошувачите да возвратат“, наведуваат тие во повикот.
Претседателот на Ефектива, Дејан Гавриловиќ за Данас изјави дека е тешко да се прогнозираат ефектите од бојкотот на трговските синџири, кој за првпат би се организирал во Србија.
Како што додаде, прашање е колку луѓе ќе го направат тоа, бидејќи, според него, општеството е поларизирано.
На еднодневен бојкот на продавниците во петок, 31 јануари повикуваат денеска и граѓаните на Македонија на социјалните мрежи.
Незадовоството од граѓаните во регионот од високите цени изразено преку акции за бојкот на продавниците, бензиските пумпи, рестораните и кафулињата по Хрватска, се пренесе во Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Македонија.
Прочитајте и…
Повик за бојкот на продавниците и во Македонија, в петок 31 јануари