Белградските студентите кои тргнаа на протестен марш кон Нови Сад, да им се придружат на колегите во болокадата на 3 моста, денес го продолжија својот пат откако откако преспаа под шатори на фудбалскиот стадион во Инџија, а како душеци користеле стиропор.
Студентите собраа сили, па почетокот на патувањето на студентите, како што јавува репортерот на N1, бил малку одложен, бидејќи првичниот план бил да заминат во 8 часот, но тие тргнаа околу 9:30 часот. Следна дестинација е Марадик, кој е оддалечен околу осум километри од Инџија. Како што јавува репортерката на N1, кога учениците на маршот поминувале покрај бензинска пумпа на патот, вработените поставиле мал штанд за кафе и убаво ги поздравиле.
По паузата во Марадик, каде голем број граѓание ги поздравија и пречекаа со вода и сокови, штрудли, леб, овошје и кифлички, учениците го продолжија маршот кон Нови Сад.
Д. Мишев / Цивил Медиа