„Министерот за култура и туризам Зоран Љутков направи мизерен партиски избор, наградувајќи ги со најголеми износи своите поддржувачи и естрадни пропагандисти“, вели во изјава за Фронтлајн, Роберт Алаѓозовски – поранешниот министер за култура и поранешен национален координатор за развој на културата, коментирајќи ја државната финансиска подршка на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за 2025 година од Министерството за култура.
– Во исто време реши сосема да ја исклучи креативната, критичката и независна култура, онаа што живо соработува со демократска Европа и создава врвни уметнички вредности. Исекувајќи ја остро независната култура ВМРО -ДПМНЕ покажа дека нема демократски капацитет да го прифати и разбере различното од нивната деветнаестовековна естррадна матрица. Воедно ја лиши македонската економија од парите што влегуваа од овие соработнички проекти од европски донатори. Љутков не обезбеди доволно проекти за интеркултурниот дијалог, за помалите заедници и културата на најранливите уметници рушејќи ја општествената кохезија и мултикултурноста која е наш светски признат квалитет, изјави Алаѓозовски.
Дестан Јонузи
Поврзано: