ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Партиите до последен момент играат „топло ладно“ со измените во Изборниот законик

February 11, 2025 14:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

До јуни, политичките партии треба да се договараат за измените на Изборниот законик, за до месец мај владата измените да ги достави до Собранието. Во овие измени треба да се вклучат сите препораки на ОДИХР по минатогодишните парламентарни избори.

И во извештаите и анализите на ЦИВИЛ – центар за слобода се нагласува дека измените во Изборниот законик се нецелосни и ненавремени.

– Без оглед на одличните резултати од Работната група за измени во Изборниот законик што ја формира Министерството за правда во минатото, политичките партии во последен момент усвојуваат само измени што ним им одговараат. Тоа најчесто го прават непосредно пред изборите, што е целосно спротивно на препораките од ОБСЕ, како и од ЦИВИЛ, измени во Изборниот законик да се прават најдоцна шест месеци пред изборите. Развојниот план за Западен Балкан препорачува крајни рокови. Ако се испочитува крајниот рок, што е во мај, тоа повторно ќе значи непочитување на препораките од релевантни институции, што е спротивно на добрите изборни практики, вели за Фронтлајн, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Од искуството на ЦИВИЛ, додава тој, можеме да споделиме со јавноста дека партиите обично постигнуваат консензус кога се работи – за парите!

– Буџетот за политичко финансирање е дарежлив, особено кон големите партии. Тоа е таа голема крава што ја молзат сите политички партии од сите генерации на политичари. Изборниот законик кој треба да е во функција на регулирање на изборните процеси и заштита на едно од основните човекови права и слободи – правото на глас – одамна не ги исполнува критериумите за барем пристојно легислативно решение. Но политичарите се грижат за тоа како ќе се финансираат кампањите и партиите. Не умеат ни роковите да ги испочитуваат, потенцира тој.

Измените на Изборниот законик се дел од реформската агенда во рамките на Планот за раст на Западен Балкан која беше усвоена од Европската комисија. Во него се нагласува дека всушност Северна Македонија треба да донесе сосема нов закон.

– Во март 2024 година беа донесени измените на Изборниот законик. Меѓутоа, за да се овозможи примена на последните препораки на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија треба да се донесе нов Изборен законик, се наведуваа во реформската агенда.

Додека како краен датум кога треба да се случи гласањето во парламентот, се наведува месец мај како планиран календар кога предлог-законот треба да го помине владиниот филер и да премине во Собрание.

Дестан Јонузи

 

Tags: изборен законикизбориОБСЕ/ОДИХРЦИВИЛЏабир Дерала
Next Post

Шефицата на мисијата на ЕУ: Изјавата на Гренел беше мешање во изборите во Косово, власта употреби негативен јазик

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk