„Секое отварање на Уставот е трауматично за општеството, затоа државничка и паметна политика би било да се отворат и затворат сите битни прашања едновремено“, вели во изјава за Фронтлајн, политичкиот аналитичар Бесим Небиу, зборувајќи за општествената политичка дебата околу промена на државниот грб.
– Секое отворање на македонскиот Устав е клучно прашање што има значајни политички, правни и општествени импликации. Промените се поврзани со усогласувањето со меѓународните обврски и европската интеграција, но истовремено отвораат и внатрешни прашања поврзани со меѓуетничките односи, идентитетот и уставниот поредок. Секое отварање на Уставот е трауматично за општеството, затоа државничка и паметна политика би било да се отворат и затворат сите битни прашања едновремено, изјави Небиу.
Дестан Јонузи
Поврзано: