ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Промена на грбот“ – стекнување дневни партиски поени и оттргнување на вниманието од суштинските проблеми

February 14, 2025 12:55
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Отворањето на прашањето за промена на државниот грб, отвори широка политичка дебата во земјата.

Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија смета дека темата за „промена на грбот“ е вовед во дополнување на Уставот согласно Преговарачката рамка.

– Бидејќи политиката е прашање и на конзистентност – и денес останувам(e) на кажаното: промената на социјалистичкиот грб на Северна Македонија е точката на постигнување 2/3 мнозинство во Собранието за прашањата по кои општеството има консензус, а традиционалните партии се уште немаат храброст да го признаат. Или обратно – Противењето на иницијативата за промена на државниот грб треба да им обезбеди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ алиби за саботирање на дополнувањето на Преамбулата и откочување на преговорите со ЕУ, анализира Величковски.

Бидејќи мнозинството, додава тој, за уставните промени се тестира преку „2/3 мнозинство за промена на грбот“, обидот за стекнување дневни партиски поени преку:

– директно спротивставување на промената на социјалистичкиот грб на Северна Македонија од СДСМ (како наследник на СКМ)… или
– лицитирањето со „графички решенија“ од ЛДП кои ја подриваат историската поврзаност на Македонците и Албанците со лавот како хералдичко решение…
…е „музика за ушите“ на ВМРО-ДПМНЕ, кое пред дипломатите ќе добие „оправдување“ зошто не може да дојде до 2/3 мнозинство за уставни промени согласно Преговарачката рамка.

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу за Фронтлајн вели дека секое отварање на Уставот е трауматично за општеството, затоа државничка и паметна политика би било да се отворат и затворат сите битни прашања едновремено.

Бесим Небиу
Бесим Небиу

– Секое отворање на македонскиот Устав е клучно прашање што има значајни политички, правни и општествени импликации. Промените се поврзани со усогласувањето со меѓународните обврски и европската интеграција, но истовремено отвораат и внатрешни прашања поврзани со меѓуетничките односи, идентитетот и уставниот поредок. Секое отварање на Уставот е трауматично за општеството, затоа државничка и паметна политика би било да се отворат и затворат сите битни прашања едновремено, изјави Небиу.

Покојниот, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов пред четри години во раговор со новинарот Дестан Јонузи, зборуваше за промена на државаната Химна.

– Нашата химна е единствена во која се спомнуваат конкретни лица, тоа не се практикува во химните на европските земји. Во нивните химни се обраќаат на Бога, или на кралот и кралицата, како во британската химна, да речеме. Но, тоа не се прашања за кои сега треба да разговараме. Ова е за да се тргне вниманието од она што е суштинско и ајде ќе разговараме за химната – вели Андов.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека со владиниот партнер ВЛЕН разговарале на оваа тема.

– Ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сè уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации, рече Мицкоски.

Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие биле во истата влада.

– Знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на државниот грб, тоа беше пред неколку години, ако не се лажам во 2014, 2015 година. Ние ова прашање го отворивме и ценам дека ние сме една од двете држави постсоцијалистички коишто се уште државниот грб го имаат оној стариот со некој модификации. Но, кратко да кажам: имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бевме во иста влада, кога таа влада ја водеше Никола Груевски, рече Мицкоски.

Владиниот партнер на Мицкоски коалицијата ВЛЕН се согласува со отворање на дебатата за промена на грбот и другите државни симболи, но под услов пакетот измени да биде поширок. Лидерот на Беса Билал Касами рече дека идејата ја покренал премиерот на средба со лидерите на ВЛЕН, но нема конкретен договор.

„Нашиот став како коалиција ВЛЕН е даден дека доколку сме подготвени да зборуваме за такви промени, тоа треба да биде во рамките на пакетот уставни измени кои ќе вклучуваат ревизија на сите оние симболи на државата кои доаѓаат од минатото, но во исто време и за она на што ние инсистираме како коалиција ВЛЕН, отстранување на дефиницијата што е навредлива за нас за албанскииот јазик“.

СДСМ е против промена на државниот грб и државната химна. Велат дека остро ќе се спротивстават.

– Сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува сите хералдиски карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на етнички групи. Доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

За ваквата иницијатива се изјаснија и од Либерално-демократската партија (ЛДП), од каде предложија рисот како карактеристичен вид на државата да биде поставен на новиот грб. Според партијата „тоа е симбол кој со ништо нема да потсетува на било која соседна држава и да создаде проблеми.

По една деценија повторно се отвара прашањето за смена на државниот грб во Северна Македонија.

Последен пат промена на грбот предложи Владата на Никола Груевски во 2014 година, но не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на оваа идеја. Стануваше збор за црвен лав на златно-жолта позадина во форма на штит, како и круна во горниот дел во форма на тврдина. Меѓу објаснувањата на тогашната власт беше дека Македонија и Белорусија биле единствени во Европа што имаат државен грб инспириран од советската хералдика.

Грбот на Република Македонија е изгласен на 16 ноември 2009 година, со донесување на Законот за грбот и знамето на Република Македонија (Сл. весник бр. 138, 17 ноември 2009 година).

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВЛЕНВМРО-ДПМНЕдржавен грбДУИСДСМСобраниеУстав
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовската ЦИК се уште ги пребројува резултатите од изборите; ЕУ бара начин дијалогот меѓу Косово и Србија да профункционира; Протести во поддршка на Велиај

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk