ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Српските суденти од повеќе градови пешки тргнаа кон Ниш, во Белград протест на просветните работници

February 25, 2025 19:56
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Пред српското Министерство за образование во Белград во тек е четиричасовен протест на просветните работници во основните, средните училишта и вработените на Универзитетот под мотото „Вие сте одговорни! Од вас зависи“.

Демонстрантите ги прочитаа и барањата на основните и средните училишта. Првото барање на основните училишта е да престанат притисоците и заканите кон просветните работници, како и да се повлечат сите мерки против наставниците кои штрајкуваат. Второто барање е итна примена на протоколот од 2023 година, кој се однесува на материјалната состојба на вработените. Третото барање е да се намали „непотребното административно работење во корист на образованието, а четвртото барање се однесува на измени на спорните членови од колективниот договор. Тие бараат и утврдување на репрезентативноста на Синдикатот, како и измени на Законот за основите на образовниот систем.

И средните училишта бараат итно прекинување на репресивните мерки против вработените во училиштата поради прекинот на работата. Бараат и измени и дополнувања на спорните членови од колективниот договор потпишан во 2025 година, потпишан, според нив од нерепрезентативните синдикати. Третото барање се однесува на деполитизација на Министерството за образование и избор на министри според професионалните надлежности. Исто така бараат и значително подобрување на материјалната положба на наставниот и ненаставниот кадар во образованието, како и воспоставување на репрезентативност на синдикатите.

На протестот пред Министерството за образование, просветните работници прочитаа заедничко соопштение во кое потенцираа дека главната одговорност за моменталната состојба во образованието е на ресорното министерство.

Министерството за образование не придонесе за исполнување на барањата на студентите, учениците и професорите од сите нивоа на образование. Наставниците сакаат да работат во систем во кој се вреднуваат знаењето и образованието. Наша должност е да ги поддржиме студентите и да побараме од ресорното Министерство да нè поддржи, се наведува во заедничкото соопштение.

Тие посочија дека покрај студентските барања кои ги поддржуваат, бараат и исполнување на сопствените барања.

Додека околу 60 професорите од Нови САД трчаа штафетен маратон до Белград за да се придружат на протестот пред Министерството за образование.

Во меѓувреме, студентите од различни градови на Србија тргнаа во уште еден марш кон Ниш, каде на 1 март ќе се одржи 18-часовен протест поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе, меѓу кои и македонскиот државјанин Васко Саздовски.

Tags: протести србијастуденти
Next Post

Мицкоски вели Советот на обвинители треба да го слушне гласот на граѓаните за разрешувањето на Коцевски

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk