Нов Зеланд го отпушти својот највисок претставник во Обединетото Кралство поради изјавите кои го доведуваат во прашање разбирањето на историјата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
На настанот во Лондон во вторникот, високиот комесар Фил Гоф ги спореди напорите на Трамп за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина со Минхенскиот договор од 1938 година, кој му дозволи на Адолф Хитлер да анектира дел од Чехословачка.
Неговите коментари беа „длабоко разочарувачки“ и ја направија неговата позиција „неодржлива“, рече министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс.
Коментарите на Гоф дојдоа откако Трамп ја прекина воената помош за Кијив по жестоката размена со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба минатата недела.
Тој го спротивстави Трамп со Черчил кој, иако беше отуѓен од британската влада, зборуваше против Минхенскиот договор бидејќи го гледаше како предавање на заканите на нацистичка Германија.
Д. Мишев / Цивил Медиа