ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кошта: Зборовите ги претвораме во дела и ја зајакнуваме безбедноста на Европа

March 11, 2025 12:51
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред три години токму на денешен ден во Версај решивме да ја зајакнеме одбраната на Европа и да изградиме „Европа на одбраната“ и сега она што го ветивме го исполнуваме со минатонеделните брзи и амбициозни одлуки на Самитот на ЕУ за безбедноста и за Украина, истакна денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Европскиот парламент.

– Европската унија живее во клучниот момент. Чувството на итност е пред нас. Геополитичките тензии се зголемија во последните недели. Мултилатерализмот е под огромен притисок, а исто така и меѓународниот поредок заснован на правила. Руската агресивна војна против Украина и заканата што таа ја претставува има пошироки импликации за Европа и меѓународната безбедност, нагласи Кошта во обраќањето на дебатата во Европскиот парламент посветена на зајакнувањето на европската одбранбена архитектура и поддршката за Украина.

Тој истакна дека ЕУ зборовите да ги претвора во дела и во текот на последните три години, нејзините земји членки ги зголемија трошоците за одбрана за 30 отсто и оние 23 кои се дел од НАТО во 2024 година ја остварија целта за одбранбени издвојувања од два отсто од нивниот БДП.

– Сега одиме многу подалеку. За еден месец, работејќи заедно со Европската комисија, ја започнавме „Европа на одбраната“, изјави Кошта, потсетувајќи дека на специјалниот Европски совет во четвртокот беше решено ЕУ повеќе да инвестира во приоритетните области, како што се противвоздушната и противракетната одбрана, артилериски системи, проектили, муниција, дронови и системи за справување со дронови, во воена мобилност, вештачката интелигенција и кибер и електронската заштита.

Тој додаде и дека е решено да се мобилизираат повеќе јавни и приватни средства за одбраната и дополнителни трошоци за финансирање на потребните одбранбени капацитети, со цел земјите членки да инвестираат подобро и поефикасно заедно.

– Нашиот фокус е јасен. Следната недела, Комисијата и високиот претставник ќе ја претстават Белата книга за одбраната, а Европскиот совет ќе продолжи да ја унапредува работата. Да го изградиме нашето одвраќање и да ја зајакнеме безбедноста на нашиот континент, истакна Кошта, потенцирајќи дека паралелно со зајакнување на одбраната, мора да се зголемат индустриската и технолошката конкурентност на Европа и да се создадат нови работни места, со што ЕУ ќе стане посилна и ќе ги заштити своите граѓани и социјален модел.

Според него, од зголемените трошоци за европската одбрана корист ќе има и Украина, затоа што нејзината безбедноста не може да се одвои од безбедноста на Европа.

– Најдобрата безбедносна гаранција што можеме да ја дадеме е да ја зајакнеме самоодбраната на Украина и да изградиме кредибилна и робусна Европа на одбраната, рече претседателот на Европскиот совет.

Кошта нагласи дека покрај со задоволување на нејзините одбранбени потреби, ЕУ се подготвува да ја поддржи Украина и кога таа ќе одлучи да се вклучи во преговори и да и помогне да постигне сеопфатен, праведен и траен мир.

Тој потсети дека денеска е и годишнината од првиот состанок на Европскиот совет во март 1975 година, како и стотиот ден од неговото стапување на функцијата.

– Сто дена во кои стана јасно дека Европа на одбраната и Европа на заеднички просперитет се приоритетите во овој мандат. Сто дена во кои стана јасно дека градењето на улогата на Европа во светот е стратешки приоритет. Сегашниот контекст не тера да ја прошириме нашата мрежа на партнери. Веќе имаме импресивна мрежа, но потребно е таа да расте, рече Кошта.

Според него, за да може ЕУ да продолжи понатаму на зацртаниот пат, потребни и се поголема самодоверба, поголем доверба во сопствената колективна моќ и поголемо единство за соочување со новата геополитичка ера.

– Нема сомнеж дека испорачуваме побрзо, дека Европската Унија е посилна. За безбедност, мир и просперитет во Украина. За безбедност, мир и просперитет во Европа, додаде Кошта во обраќањето.

Tags: ЕУКошта
Next Post
Credit: Belga

Најмалку еден повреден во нов оружен инцидент во Брисел

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk