„Уставните измени не можеме да ги наречеме пречки, затоа што тие се едноствената реална можност за откопување од ова место каде што не закопа ВМРО ДПМНЕ – одбивајќи да ги преземе неопходните чекори“, вели во изјава за Фронтлајн, потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, додавајќи дека: Власта е таа која го попречува нашиот асоцијативен статус во ЕУ, а не уставните измени.
– Македонија е закопана во место. И не е помрдната ни еден чекор напред во однос на отварањето на поглавјата за преговорите кои требаше да уследат веднаш по втората меѓувлавина конференција. Уставните измени не можеме да ги наречеме пречки, затоа тие што се едноствената реална можност за откопување од ова место каде што не закопа ДПМНЕ – одбивајќи да ги преземе неопходните чекори. Значи, треба да бидеме јасни, Власта е таа која го попречува нашиот асоцијативен статус во ЕУ, а не уставните измени. Власта многу ветуваше, што за гаранции, што за одложено дејство, што за нови бугарски влади, но ништо од тоа нема. Има само една голема измама, чија цена ќе ја плаќаме ние граѓаните, заради фактот што нашата актуелна влада не понуди никакво решение, вели Чупеска.
Според неа, Планот за раст, односно парите кои зависат од реформите, а кои им следуваат на нашите граѓани, исто така може да бидат доведени во прашање, затоа што ни на реформски план, оваа Влада ништо не презема.
– Владата е влезена во изолационистички, самодоволен и егосентиментален филм, од кој не верувам дека лесно ќе излесе. Изолацијата на земјата во геополитичките нови околности, со сите предизвици кои се премногу очигледни, особено овде на Балканот, носи со себе премногу ризици, нагласи таа.
Дестан Јонузи
Поврзано:
Уставните измени остануваат главен предизвик за членство на Македонија во ЕУ