ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Членките на ЕУ постигнаа договор за продолжување на санкциите кон Русија

March 14, 2025 13:27
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ во Брисел претпладнево донесоа едногласна одлука за ново шестмесечно продолжување на санкциите воведени поради руската агресија врз Украина, до 15 септември 2025 година.

– Денеска имаме едногласна одлука за продолжување на постоечките санкции за одговорните за загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина за уште шест месеци, изјави портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.

Таа додаде дека со ова ЕУ го покажала своето единство кога станува збор за санкциите, како и дека по досега усвоените 16 пакети санкции, сега работи на подготовка и на 17-ти пакет.

– Многу добро знаеме дека нашите санкции функционираат. Тие ја нагризуваат и осакатуваат руската економија и токму тоа е планираниот ефект, бидејќи она што сакаме да го постигнеме е да се осигураме дека Украина е силна, а Русија нема пари и средства за својата воена машинерија, истакна Хипер.

Преговорите за продолжување на санкциите, кои согласно претходната одлука истекуваа утре вечер на полноќ, беа заглавени поради, како што тврдеа дипломатски извори, противење на Унгарија. „Фајненшл Тајмс“ објави дека Унгарија ја условувала поддршката за ново продолжување на санкциите со отстранување на осум лица од листата на санкционирани, меѓу кои и руските олигарси Михаил Фридман, Алишер Усманов и Пјотр Авен.

Според дипломатски извори, консензусот околу продолжување на санкциите бил постигнат откако од листата на санкционира биле отстранети четири лица, како и уште тројца поединци кои во меѓу време починале . Истите извори посочуваат дека од листата биле отстранети бизнисмените Моше Кантор и Владимир Рашевски, рускиот министер за спорт Михаил Дегтјаров и сестрата на Усманов, Гулбахор Имаилова.

Хипер одби да ги коментира ваквите наводи, нагласувајќи дека станува збор за доверливи договори меѓу земјите членки.

– Она што е важно е дека имаме речиси 2.400 поединци кон кои се насочени санкциите, така што ова е многу добра и голема бројка, рече Хипер, додавајќи дека ЕУ се обидува да се осигура дека санкциите ја постигнуваат целта за поткопување на способноста на Русија да ја финансира и продолжи агресијата врз Украина.

Tags: ДоговорЕУРусијасанкцииУкраиначленки
Next Post

Хипер за изјавите на Трамп за анексија на Гренланд: ЕУ ги поддржува принципите на почитување на територијалниот интегритет

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk