ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Бужаровска за собирот пред УКИМ: Гласот на студентите не се слушна

March 17, 2025 14:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Писателката Румена Бужаровска објаснува што се случи на денешниот собир на платото пред УКИМ, каде студентите требаше да одржат организиран заеднички час за искажување почит кон жртвите кои настрадаа во трагедијата во дискотеката во Кочани.

Текстот на Бужаровска објавен на Фејсбук го пренесуваме во целост

„Присуствував на денешниот собир организиран од студентите на платото на УКИМ. Платото беше полно. Реки млади видно истрауматизирани луѓе се слеваа кон универзитетот. Немаше место каде да се стои. Во траорната атмосфера во која сепак се чувствуваше сплотеност, одржавме седум минутен молк.

А потоа излезе да зборува Ректорката. На универзитетски собир тоа до некаде го разбирам, но не разбирам зошто први не се обратија студентите. За жал во говорот на Ректорката немаше збор за одговорноста и за системот што ги уби децата и уби еден цел град, туку беше полн сентиментални флоскули, во кое време му се слоши на млад човек во толпата. По траорната пауза во која се бараше доктор, Ректорката продолжи со празниот говор. Очекувавме дека потоа ќе излезат да зборуваат младите, но не, излезе Министерката за образование и застана пред Филозофскиот факултет, чии предмети етика и логика неодамна ги укина во средното образование.

И знаете што направи Министерката? По редицата нови празни флоскули, како да е на школска приредба, ни изрецитира песна од Ацо Шопов, онаа дека ако носиме нешто неизречено што нѐ притиска и пече, го закопуваме во длабока тишина и тишината треба сама да го рече. Сакаше да го поврзе со седумте минути молк, изгледа, но всушност, со неодговорното рецитирање на поезијата, на студентите им порача дека треба да молчат, дека треба болката и гневот да ги закопаат во тишина. Во меѓувреме уште на неколку луѓе им се слоши и повторно доктори се пробиваа низ гужвата.

Во толпата студентите почнаа да викаат У-А и да ѝ свиркаат на Министерката. Наеднаш се појави интервентна полиција и застана до неа. Министерката престана да зборува, а еден студент, веројатно од собранието (не видов кој) излезе и ни порача дека не сме тука за да правиме бунт, туку за да бидеме сплотени и да оддадеме почит кон жрвите.

Тоа беше единствениот глас на студент или млад човек што го слушнавме по оваа трагедија на овој настан.

Наместо да се извинат за ова што се случи, за системската неправда што со децении нѐ убива и кулминираше во Кочани во неделата наутро, оние што имаат власт во општеството – Министри, па и Ректори – го узурпираа гласот на младите за нивни цели.

Верувам дека сите сме сѐ уште во шок и не знаеме да се справиме со вакви злоупотреби. Но гласот на студентите, гласот на младите и гласот на сите што со децении сме жртви на коруптивната власт што само си ја префрла вината, а и моќта, мора да се слушне, и верувам дека ќе се слушне“, напиша Бужаровска.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бужаровскатрагедија КочаниУКИМ

НАЈНОВО

Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај

June 21, 2025

Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

June 21, 2025
Инаугурација на папата Лав XIV. Фото: Скриншот

Папата предупредува на предизвиците кои ги носи вештачката интелигенција

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk