ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Премиерот повторно лаже

March 19, 2025 13:01
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Фото: Колаж од Инстаграм и фотографии на Влада

Фото: Колаж од Инстаграм и фотографии на Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

И вчерашниот и денешниот ден посетив пациенти и вчерашниот и денешниот ден ги запазив сите оние протоколи кои што ни беа апсолутно побарани од страна на медицинскиот персонал од страна на докторите, кажа премиерот Мицкоски во одговор на новинарски на новинарското прашање дали е примерно тоа што денеска ги посетил повредените пациенти од трагичниот пожар во Кочани, хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ Скопје, или тоа е злоупотреба на несреќата за пи-ар.

Кажа и излажа…

Ќе ги погледате денеска сите слики и ќе видите како јас сум влегол. Да, има и такви кои што влегуваа со камери и слично (како неговиот идолсеверно од Табановце), но како што видовте вие и вчера и денеска јас никаде не влегов со камери ниту имам намера да правам Пи-ар од сето ова…не е мојата цел никаков Пи- ар да правам. Не мора да објавувате како медиум ништо од ова што го зборувам, не мора да објавувате ниту една слика, ниту еден статус, тоа е ваш избор. Но, оставете ги вашите колеги (од подобните медиуми) да си ја вршат нивната работа и оставете ме мене да си ја вршам мојата работа (шетањето меѓу пациенти со изгореници без заштитна опрема тоа не е), одговори „мали Вучиќ“ од наше маало.

Ги погледнавме сликите, и…

Ако премиерот лаже, Инстаграм не лаже

Дојдовме до заклучок дека старата народна поговорка „ Ако козата лаже, рогот не лаже“ сега може комотно да се рекомпонира како „Ако премиерот лаже, Инстаграм не лаже“.

Фото: Скриншот од Инстаграм

Имено, од објавените фотографии на ПР службата на Инстаграм профилот на премиерот Мицкоски и официјалните фотографии дистрибуирано од прес службата на Владата, јасно се гледа дека освен заштитни маски, премиерот со свитата не носат дополнителна медицинска заштитна опрема (заштитни мантили,  капи, ракавици) …

Фото: Скриншот од Инстаграм

Огледалце, огледалце мое, без заштитна опрема покажи ни кој е?

Дополнително, на една фотографија од прес-службата на Владата, во огледалото во болничката соба има одраз на човек, за кој не се знае во кое својство е таму и кој на себе нема никаква заштитна опрема, дури ниту заштитна маска, како со мобилен телефон ги фотографира премиерот и свитата.

Фото: Влада

Нешто подоцна, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, во разговор со уредникот на Телма, Боби Христовски, во обид да го заштити премиерот, тврдеше дека и тој и другите носеле заштитни мантили и други средства за влез кај повредените, што од фотографиите објавени од прес-службата на Владата јасно се гледа дека тоа не е така, напротив, сите се облечени во одела.

Единствено што имаат е заштитната маска…и ненаситна желба за Пи-ар промоција.

И за крај, уште една народна поговорка: Кој лаже…(довршете ја реченицата)

Преземено: Цивил Медиа

Текстот е личен став на авторот
Tags: Пи=ар кампањапосета на пациенти со изгореницитрагедија во КочаниХристијан Мицкоски
Next Post

Погребот на починатите во пожарот ќе биде утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk