ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Постојат докази дека Видевски бил на работа кога се случиле убиствата на Панче и Вања, тврди неговиот адвокат

March 24, 2025 18:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Постојат докази дека обвинетиот Боре Видевски за време на критичниот период во кој се случуваат убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска бил на работа и тој исказ е даден во Обвинителството уште на 21 декември 2023 година, тврди бранителот на Видевски, Бојан Манев, по денешното рочиште на кое обвинетиот Боре Видевски одговараше на вкрстените прашања на неговата одбрана и Обвинителството.

– Обвинетиот Боре Видевски не учествувал во ниту еден од двата кривично-правни настани. Зошто го тврдам тоа? Доколку го земете фактот дека Обвинителството досега пријави три моменти кои укажуваат на случување на кривично-правниот настан, убиството на Панче Жежовски. Најпрво кога бевме во Обвинителство на ден 21 декември 2023 година, како време на случување на убиството на Панче Жежовски е вечерта на 22 ноември. Во обвинение е ставено девет часот сабајле на 22 ноември 2023 година, меѓутоа исказот на Велибор Манев кажува дека е на 23 ноември, исто така, сабајле, рече адвокатот.

Според него, грешка на Обвинителството е тоа што не ги дозволило снимките кои ги посочил сведокот Гоце Трајковски во неговиот исказ.

– Обвинителството згреши во една работа, односно што не ги дозволи снимките кои ги спомна сведокот Гоце Трајковски во неговиот исказ, којшто ги виде цела Македонија, од бензиската станица Лукоил во близина на Велес. Доколку ги погледнете тие снимки внимателно, ќе видите дека тие снимки се од 12 часот на 22 ноември 2023, што значи во тој момент Панче Жежовски е жив, бидејќи се гледа на самите снимки, рече адвокатот.

За снимките од куќата на Велибор Манев каде што се гледа и неговиот клиент Видевски, рече дека не се од тој ден, односно не соодејствуваат со денот 21 ноемвери 2023 година којшто се наоѓа на тие снимки.

– Обвинителството треба најпрво да расчисти со себе и со своите изведени докази. Видовме дека денес беше побарано и изземање на самото Обвинителство токму поради еден од тие докази кои што е прибавен после завршувањето на истрагата и му е дозволено на Обвинителството да го изведе, иако е изведен после завршувањето на истрагата, се работи за предметните снимки од куќата на Велибор Манев за кои што ние како одбрана тврдиме дека не се од тој ден, односно не соодејствуваат со ден 21 ноември 2023 година како момент којшто се наоѓа на тие снимки, односно датум којшто го пишува на тие снимки, додека одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски со доказ тврди дека предметното Рено Кангу не се наоѓа во тој момент во куќата на Велибор Манев, вели бранителот на Видевски.

Доколку доказот биде дозволен од страна на Обвинителството, додава бранителот, доказите на Јавното обвинителство во целост ќе бидат елиминирани.

Во врска со сведочењето на обвинетиот Велибор Манев, којшто ги призна делата и го посочи Боре Видевски како еден од сторителите, бранителот на Видевски рече дека тоа го знае уште од почетокот на оваа расправа, бил запознаен со тоа од почетокот на оваа расправа, бидејќи, како што рече, како адвокат имал увид во исказите.

– Не би го коментирал никако. На крајот ќе има соочување и сметам дека не ја зборува вистината, рече Манев.

Нагласи дека Обвинителството нема повикано ниту еден од колегите на Боре Видевски како сведок дека обвинетиот се наоѓал на работа за време на критичниот период, иако, како што рече, работа на Обвинителството е да го провери секој предметен исказ којшто ќе го даде обвинет.

– Во Обвинителството беа посочени сведоци кои што работат со него во канцеларија. Работа на Обвинителството е секој предметен исказ којшто ќе го даде обвинет да го провери, а Обвинителството го нема тоа направено. На исказ во Обвинителство на 21 декември 2023 година се посочени лица кои што работат со него и кои што се наоѓаат во канцеларија со него на 22 ноември, денот којшто беше потврден како ден на извршување на убиството на Панче Жежовски, рече Манев.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Боре ВидевскиВањаПанчеубиство

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk