ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муцунски учествува на средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО – главни теми: колективната одбрана, Украина и зајакнувањето на партнерствата

April 3, 2025 09:18
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: Влада РСМ

Фото: Влада РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Приоритетните безбедносни предизвици, поддршката и перспективите за Украина, зајакнувањето на партнерствата и одбранбените капацитети и подготовките за јунскиот Самит на НАТО во Хаг, ќе бидат главни теми на дводневната средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата што започнува денеска во Брисел и на која ќе учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Средбата ќе започне со заседание на Северноатлантскиот совет, по кое на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО ќе им се придружат и нивните колеги од четирите земји партнери од Азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд.

Првиот работен ден на состанокот ќе заврши со формално заседание на Советот НАТО-Украина во форма на работна вечера, на која украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ќе информира за моменталната ситуација во земјата, како и за перспективите во процесот кон постигнување праведен и траен мир.

На заседанијата е предвидено да учествува и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, кој ќе има и посебна средба со шефовите на дипломатиите НАТО на утрешното продолжение на состанокот.

Како што информира генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во најавата на состанокот, на него министрите ќе се фокусираат на зајакнување на колективна одбрана, која е темелот врз кој е изградена Алијансата и која е прв приоритет на земјите членки.

– Се собираме во клучно време за нашата заедничка безбедност, проследено со предизвици кои се премногу големи за секој од нас да се справи со нив сам, изјави Руте на прес-конференцијата во пресрет на состанокот.

Тој нагласи дека сојузниците од НАТО ќе продолжат со поддршката за Украина, додавајќи дека ги поздравува заложбите на американскиот претседател Доналд Трамп „за надминување на ќор-сокакот“ и дека целосно ги поддржува „напорите преземени од САД за доведување на оваа ужасна војна до праведен и траен крај“, како и „напорите на Велика Британија, Франција и другите да придонесат за обезбедување траен мир кога ќе дојде време за тоа“.

– Руската закана со која се соочуваме останува и Русија продолжува тесно да соработува со Кина, Иран и Северна Кореја на начини кои не само што и штетат на Украина, туку претставуваат ризици за Алијансата и за целиот свет. Гледаме дека овие и други актери работат на дестабилизација на нашите општества со саботажа на подводната инфраструктура, кибер напади, обиди за атентати и повеќе од тоа, рече Руте.

Тој нагласи дека денес живееме во опасен свет соочени со многу предизвици, па затоа е потребна изградба на посилен, поправеден и помоќен НАТО.

– Благодарни сме им на мажите и жените што служат во нашите вооружени сили за она што ни го пружаат секој ден. Оваа недела одново се потсетивме на ризиците од таа служба – трагично загубивме четворица храбри американски војници за време на обуката во Литванија. Ние сме длабоко благодарни за нивната служба. Нашето најдлабоко сочувство оди до нивните семејства, пријатели и соборци. Жалиме за нивната загуба и сме охрабрени од извонредната солидарност што ја видовме за време на операцијата за пребарување и спасување со учество на Американци, Литванци, Полјаци и Естонците, кои деноноќно работат заедно. Ова е вистинскиот дух на Алијансата и во тој дух имаме обврска да продолжиме, истакна Руте.

Тој посочи дека е потребна изградба на „поспособна Алијанса“ преку инвестирање во капацитетите за спротивставување на заканите и дека за таа цел сојузниците ги зголемуваат своите трошоци за одбраната на начин кој не виден со децении.

– Тоа е клучно. Министрите ќе разговараат за тоа како да се осигураме дека можеме да продолжиме со овој тренд. Исто така, ќе разговараме за тоа како можеме да произведеме повеќе – од двете страни на Атлантикот и да ја олесниме соработката, да разменуваме, да иновираме и да градиме партнерства на начини што ни користат на сите, истакна Руте, додавајќи дека партнерите на НАТО даваат суштински придонес за заедничката безбедност, преку споделување на знаења, искуства и експертизи.

Сето она за што ќе се говори на дводневниот состанок, според Руте, ќе придонесе за „новото поглавје на НАТО што ќе започне во Хаг во јуни“. – Нашите приоритети се јасни, градиме посилен, поправеден и помоќен сојуз, кој ни треба за да ја обезбедиме нашата иднина, заклучи Руте.

Tags: МуцунскиНАТО
Next Post

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk