ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ со реакција на одлуката од Апелација: Новинарите сè уште без правда за нападите на 27 април

April 23, 2025 12:28
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изрази сериозна загриженост поради неодамнешните одлуки на Апелациониот суд Скопје, донесени во април 2025 година, со кои беа одбиени жалбите на новинарите нападнати за време на настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Според ЗНМ, овие одлуки испраќаат поракa дека нападите и заканите кон новинари може да останат несанкционирани, што, како што велат од здружението, го поткопува правото на безбедно и слободно новинарство.

Во соопштението од ЗНМ се наведува дека одлуките се донесени и покрај тоа што Уставниот суд претходно веќе утврдил дека ограничувањето на слободата на изразување во контекст на насилни настани е спротивно на Уставот и Европската конвенција за човекови права.

„Особено е проблематично образложението на судот дека заштитата на новинарите не треба да биде ‘преголем товар’ за институциите“, наведуваат од ЗНМ, оценувајќи дека ваквиот став ја минимизира обврската на државата да обезбеди заштита на медиумските работници.

Последните пресуди се однесуваат на случаите на новинарите Наташа Стојановска, Билјана Николовска, Игор Јанковски и Томе Ангеловски, кои беа жртви на насилство за време на упадот во Собранието во 2017 година. Според ЗНМ, овие одлуки покажуваат дека правната заштита на новинарите останува слаба, а неказнивоста на насилниците придонесува за чувство на страв и несигурност меѓу медиумските работници.

ЗНМ апелира до надлежните институции да ги преиспитаат овие одлуки и да обезбедат соодветна правна заштита за новинарите. „Нападот врз новинар е напад врз демократијата – и секој таков чин мора да биде истражен и санкциониран“, се наведува во реакцијата на здружението.

ЗНМ најави дека ќе продолжи активно да го следи развојот на овие случаи и да се залага за правда за сите новинари жртви на насилство.

Tags: 27 априлАпелацијаЗНМновинари
Next Post

Земјотрес од 6,2 степени според Рихтер го погоди Истанбул

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk