„Приказните дека и натаму ќе нè кочеле од страна на разни држави се нереални, но не во тој аспект кој што се истакнува во медиумите. Едноставно, ако вие сакате да влезете во ЕУ, а притоа сè уште немате владење на право, сè уште имате некоја заробена држава или скрене кон тоталитаризам, нормално дека секој што е против вас ќе ви го оневозможи патот кон ЕУ“, вели во изјава за Фронтлајн, Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, зборувајќи за негативните импликации за државата од застојот на ЕУ интеграциите.
– Нашата држава и народот има синдром од застојот на ЕУ-интеграциите, кој се рефлектира и на европесимизмот. Заостануваме и во многу други параметри – како што се политичкиот домен, каде што се сместени владеењето на правото, битката против корупцијата, се до економски, социјални, правни и друг битни елементи. На внатрешен план би можел да ги истакнеме негативните ефекти на нашиот застој во европските интеграции, а на надворешен план исто така, застојот пред се значи дека државата не се гледа со исти симпатии и со исти капацитети и способности како и другите држави кои маршираат кон ЕУ, како што, на пример Албанија, Црна Гора, па и Србија, анализира професорот Ружин.
Се работи, додава нашиот соговорник, за репутацијата на нашата држава, и воопшто, кога вие стратешки сте зацртале уште во 90-те години дека двата основни цели на нашата дипломатија се членство во ЕУ и во НАТО, и веќе 30 години доцните во таа цел, која што е многу покомплексна и позначајна во сите домени, од финансиски проекти до соработки, до солидарност…, разбирливо е дека сето ова негативно се рефлектира и врз Македонија на внатрешен план, и на надворешен – регионален и глобален план. Затоа треба да се направат напори, да се прекине со ова, како што беше направено во 2017 година.
– Инаку, приказните дека и натаму ќе нè кочеле од страна на разни држави се нереални, но не во тој аспект кој што се истакнува во медиумите. Едноставно, ако вие сакате да влезете во ЕУ, а притоа сè уште немате владеење на право, сè уште имате некоја заробена држава или скрене кон тоталитаризам, нормално дека секој што е против вас ќе ви го оневозможи патот кон ЕУ. Од друга страна, тоа што пласира во медиумите, дека наводно Софија и натаму ќе не кочеле, мислам дека тука не може да има таква приказна повеќе, но, еве, тежок е патот кон ЕУ, а мислам дека најголеми тешкотии на тој пат виде Македонија, нагласи тој.
Зошто е важно усвојувањето на уставните измени за Северна Македонија?
- Еден од главните мотиви за уставните измени е отворањето на преговорите за членство во ЕУ. Како дел од договорот со Бугарија, Северна Македонија презема обврска дека ќе направи уставни измени за да ги вклучи Бугарите како составен дел од народите споменати во Уставот. Ова е конкретно барање од бугарска страна и предуслов за продолжување на европското патување.
- Уставните измени имаат за цел да ја зајакнат мултиетничката кохезија во земјата. Со вклучување и на другите заедници во Преамбулата на Уставот (како Бугарите, Хрватите, Црногорците, Евреите итн.) се зајакнува чувството на еднаквост и застапеност. Ова е особено важно за етнички разновидна земја како Северна Македонија.
- Измените се поврзани со почитувањето на Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија. И двете се важни за регионалната стабилност и за зајакнување на позицијата на земјата во меѓународните односи.
- Уставните измени би можеле да помогнат и во: зајакнувањето на судството, независноста на институциите, борбата против корупцијата – клучни прашања за напредок кон ЕУ.
- Устав кој ја одразува вистинската различност на населението е основа за демократска и стабилна држава. Ова придонесува за намалување на етничките тензии, промовирање на соживот и одржлив развој.
Дестан Јонузи