ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Синдромот од застојот во ЕУ интеграциите се рефлектира и на европесимизмот

April 24, 2025 12:28
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Нано Ружин

Нано Ружин

Share on FacebookShare on Twitter

„Приказните дека и натаму ќе нè кочеле од страна на разни држави се нереални, но не во тој аспект кој што се истакнува во медиумите. Едноставно, ако вие сакате да влезете во ЕУ, а притоа сè уште немате владење на право, сè уште имате некоја заробена држава или скрене кон тоталитаризам, нормално дека секој што е против вас ќе ви го оневозможи патот кон ЕУ“, вели во изјава за Фронтлајн, Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, зборувајќи за негативните импликации за државата од застојот на ЕУ интеграциите.

– Нашата држава и народот има синдром од застојот на ЕУ-интеграциите, кој се рефлектира и на европесимизмот. Заостануваме и во многу други параметри – како што се политичкиот домен, каде што се сместени владеењето на правото, битката против корупцијата, се до економски, социјални, правни и друг битни елементи. На внатрешен план би можел да ги истакнеме негативните ефекти на нашиот застој во европските интеграции, а на надворешен план исто така, застојот пред се значи дека државата не се гледа со исти симпатии и со исти капацитети и способности како и другите држави кои маршираат кон ЕУ, како што, на пример Албанија, Црна Гора, па и Србија, анализира професорот Ружин.

Се работи, додава нашиот соговорник, за репутацијата на нашата држава, и воопшто, кога вие стратешки сте зацртале уште во 90-те години дека двата основни цели на нашата дипломатија се членство во ЕУ и во НАТО, и веќе 30 години доцните во таа цел, која што е многу покомплексна и позначајна во сите домени, од финансиски проекти до соработки, до солидарност…, разбирливо е дека сето ова негативно се рефлектира и врз Македонија на внатрешен план, и на надворешен – регионален и глобален план. Затоа треба да се направат напори, да се прекине со ова, како што беше направено во 2017 година.

– Инаку, приказните дека и натаму ќе нè кочеле од страна на разни држави се нереални, но не во тој аспект кој што се истакнува во медиумите. Едноставно, ако вие сакате да влезете во ЕУ, а притоа сè уште немате владеење на право, сè уште имате некоја заробена држава или скрене кон тоталитаризам, нормално дека секој што е  против вас ќе ви го оневозможи патот кон ЕУ. Од друга страна, тоа што пласира во медиумите, дека наводно Софија и натаму ќе не кочеле, мислам дека тука не може да има таква приказна повеќе, но, еве, тежок е патот кон ЕУ, а мислам дека најголеми тешкотии на тој пат виде Македонија, нагласи тој.

Зошто е важно усвојувањето на уставните измени за Северна Македонија?

  1. Еден од главните мотиви за уставните измени е отворањето на преговорите за членство во ЕУ. Како дел од договорот со Бугарија, Северна Македонија презема обврска дека ќе направи уставни измени за да ги вклучи Бугарите како составен дел од народите споменати во Уставот. Ова е конкретно барање од бугарска страна и предуслов за продолжување на европското патување.
  2. Уставните измени имаат за цел да ја зајакнат мултиетничката кохезија во земјата. Со вклучување и на другите заедници во Преамбулата на Уставот (како Бугарите, Хрватите, Црногорците, Евреите итн.) се зајакнува чувството на еднаквост и застапеност. Ова е особено важно за етнички разновидна земја како Северна Македонија.
  3. Измените се поврзани со почитувањето на Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија. И двете се важни за регионалната стабилност и за зајакнување на позицијата на земјата во меѓународните односи.
  4. Уставните измени би можеле да помогнат и во: зајакнувањето на судството, независноста на институциите, борбата против корупцијата – клучни прашања за напредок кон ЕУ.
  5. Устав кој ја одразува вистинската различност на населението е основа за демократска и стабилна држава. Ова придонесува за намалување на етничките тензии, промовирање на соживот и одржлив развој.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУНано Ружинуставни измени

НАЈНОВО

Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

May 17, 2025
Фото: ВИ

Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски в понеделник

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk