ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Бев на Маршот за ангелите.
Снимав и си плачев во себе, пред Собрание и со солзи.
Душава уште ми се треси од жал и јад.
Луѓето бараат правда и одговорност за смртта на своите деца.
Пред Собрание бараа сите да си дадат оставки.
Беше пекол жешко. Барем на собраниските служби да им текнеше вода да им однесат на луѓето кои повеќе од час повикуваа да излезе некој од пратениците, кои тогаш имаа седница, и да ги ислуша.
Излегоа двајца пратеници од Левица и десетина од СДСМ, да се соочат со револтот од роднините на загинатите деца.
Ни еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, или од другите партии не се осмели да излезе и да ја слушне и осети болката и маката на луѓето.
Срам и арам да им е!
А министерот Тошковски пак, ги чекаше премалените луѓе кои цел ден се измалтретираа по тоа жешко време, во зградата на МВР да му појдат. Никако тој да се помрдне, туку луѓето да појдат кај него.
Која ароганција и недостиг на емпатија е тоа драги мои.
СРАМОТА!