Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада.
View this post on Instagram
„Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“, „Селективна одговорност е НЕодговорност! Бараме ПРАВДА!“, „Системот убива, институциите молчат“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“… се дел од паролите истакнати на протестот.
View this post on Instagram
Владимир Апостолов, од име на семејствата, рече дека за трагичната несреќа се виновни сите досегашни структури во државата.
View this post on Instagram
– Сите да си дадете оставки, рече Апостолов.
View this post on Instagram
Oд пред Собрание, покрај Министерството за правда, се упатија кон Министерството за внатрешни работи, каде се очекува да имаат и средба со министерот Панче Тошковски.
Пред Собраните повикаа на одговорност и отставки од пратениците семејствата на загинатите, имаа средба со пратеници од Левица и СДСМ. Најпрво излегоа пратенците на Левица Борис Крмов и Јована Мојсоска, па потоа десетина пратеници од пратеничката група на СДСМ и Венко Филипче. Пратениците од власта не се појавија пред присурните на протестот.
View this post on Instagram
Маршот почна во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите.
Ј. Ѓорѓиоски