ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЕУ со јасна порака: Слободата на медиумите е основа на демократијата

May 3, 2025 10:19
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Слободните медиуми се најдобриот штит за демократијата и новинарите мора да бидат слободни да известуваат без страв од цензура, заплашување или одмазда, порача претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола по повод  Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.

– Европскиот парламент секогаш ќе ги брани и ќе се залага за слободата на медиумите и новинарите – не само на Светскиот ден на слободата на медиумите, туку секој ден, нагласи Мецола.

Според потпретседател на Европскиот парламент и претседател на Работната група за спроведување на Европскиот закон за слобода на медиумите (ЕМФА), Сабине Верхајен, слободното, независно и плурално новинарство е од суштинско значење за секое демократско општество.

– На Светскиот ден на слободата на медиумите, ја потврдуваме нашата посветеност на еден од основните столбови на демократијата: слободата на медиумите. Сепак, таа останува под закана, дури и во некои земји членки на ЕУ, а без неа, демократијата не може да функционира, рече Верхајен.

Таа потенцира дека Европскиот закон за слобода на медиумите (ЕМФА), донесен во април 2024 година, е од витално значење за справување со современите предизвици со кои се соочуваат медиумските работници и испраќа силна порака за потребата од заштита на медиумите и новинарската независност низ цела Европа.

– Медиумите се повеќе од само индустрија – тие го обликуваат политичкиот дискурс, го поттикнуваат културниот развој, ја поттикнуваат општествената инклузивност и ги штитат основните права, истакна Верхајен.

На овој Светски ден на слободата на медиумите, според неа, загрижувачките глобални трендови не потсетуваат дека рамнодушноста не е опција.

– Дури и во Европа, мора да останеме будни во почитувањето на нашите демократски вредности. Слободата на медиумите е ‘рбетот на демократијата – нејзината одбрана значи заштита на нашите слободи и вредностите што ги цениме, додаде Верхајен.

Претседателка на Комитетот за култура и образование на ЕП, Нела Рил порача дека независниот медиумски сектор е суштински столб на демократија.

– Слободните медиуми ни се потребни за да ја следиме одговорноста на носителите на одлуки, да ги унапредуваме општествените промени и да ги информираме граѓаните, додаде Рил.

Таа изрази загриженост поради драстичното зголемување на изложеноста на младите луѓе на вести од непроверени извори на социјалните медиуми и во такви услови квалитетното новинарство е принудено да се натпреварува со алгоритмите на платформите на социјалните медиуми.

За да се минимизира ширењето на штетни дезинформации, според неа, покрај регулацијата на дигиталните платформи, треба да се подобри медиумската писменост и да се обезбеди дека луѓето имаат пристап до точни информации.

Во заедничка изјава по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, претседателите на комитетите на ЕП за граѓански слободи, внатрешни работи и правда (ЛИБЕ), Хавиер Зарзалехос, за човекови права (ДРОИ), Мунир Сатури и за Европскиот демократски штит (ЕУДС), Натали Лоазо ја потврдуваат непоколеблива посветеност за заштита и промоција на слободата на медиумите, плурализмот и безбедноста на новинарите ширум светот.

– Во контекст на алармантниот пораст на нападите и заканите врз новинарите, нашите комитети силно ги осудуваат сите обиди за поткопување на слободата на медиумите преку физичко насилство, произволно притворање, онлајн вознемирување, акти на заплашување или убиства. Слободата на медиумите, загарантирана во член 11 од Повелбата за основните права на ЕУ и член 10 од Европската конвенција за човекови права, е неотуѓиво право и камен темелник на европскиот проект, се вели во изјавата.

Тие посочуваат дека ЕУ мора да се спротивстави на неказнивоста и да ја осуди злоупотребата на законите за клевета и на технологиите за надзор и порастот на употребата на тенденциозни тужби за замолчување на новинарите.

– Ваквите прекршувања мора да бидат истражени, а сторителите гонети од страна на надлежните национални и меѓународни судски органи, вклучително и Меѓународниот кривичен суд. Никогаш не смееме да ги затвораме очите пред злосторствата извршени против новинарите, посочуваат тројцата европратеници.

Според нив, особено се важни заштитата на новинарките, кои во нивната секојдневна работа честопати се соочуваат со родово базирано насилство, како и спротивставувањето на егзистенцијални закани по независноста на медиумите, кои ја загрозуваат самата структура на основните права.

– Во овој контекст, нашите комитети ја потврдуваат својата силна верба во суштинската улога што ја играат новинарите како чувари на демократијата, спротивставувајќи се на ерозијата на демократските норми и фундаменталните слободи. Иста така, ја нагласуваме и потребата од заштита на медиумскиот плурализам и уредничката независност, кои се неопходни за здрав демократски дискурс. Силните демократии не можат да постојат без силен и независен печат. Комитетите ЛИБЕ, ДРОИ и ЕУДС се непоколебливи во својата посветеност да ја бранат слободата на медиумите, каде и да е под закана. Не само денес, туку секој ден, се додава во пораката.

ЕК: Остануваме посветени на промоција на слободата на медиумите и плурализмот 

Слободата на медиумите и плурализмот се основни принципи на просперитетните демократии, порача Европската комисија по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.

– Европската комисија ја потврдува својата посветеност на почитување на слободата на медиумите и плурализмот во Европската Унија и на промовирање на овие принципи низ целиот свет, се наведува во пораката.

Во неа се посочува дека и во политичките насоки на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен за работата на Комисијата за периодот 2024-2029 година, се посочува дека таа ќе обезбедува спроведување на Европскиот закон за слобода на медиумите.

– Комисијата стои зад новинарите и силно ги поддржува во тоа безбедно и сигурно да ја извршуваат својата работа. Ја зајакнуваме нашата поддршка и заштита за независните медиуми и новинари, намалувајќи го притисокот и неетичкото однесување што ја загрозуваат нивната работа, се додава во пораката.

Европската комисија посочува и дека Европскиот закон за слобода на медиумите, кој треба да почне да се применува во земји членки на ЕУ од 8 август, ќе придонесе за подобра заштита плурализмот и независноста на медиумите и ќе ја зголеми транспарентноста и праведноста.

Во 2021 година, Комисијата издаде Препорака за заштита и безбедност на новинарите, чија цел да е овозможување побезбедни услови за работа на сите медиумски професионалци, без страв и заплашување, со посебен акцент на новинарките. Дополнително, таа усвои и правила за заштитата на новинарите и активистите за човекови права алатки од тенденциозни судски постапки чија цел е нивно замолчување.

– Продолжуваме да ги следиме случувањата поврзани со слободата на медиумите и плурализмот во сите земји членки во контекст на годишниот извештај за владеење на правото. Слободата на медиумите, исто така, ќе биде важен дел од претстојниот Европски штит за демократија, додава Европската комисија во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.

Извршната потпретседателка на ЕК за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен изјави дека Комисијата е посветена на тоа Европа да остане светилник за слободата на медиумите и плурализмот.

– На Светскиот ден на слободата на печатот, не славиме само концепт, туку и конкретно се обврзуваме на демократија. Безбедноста на новинарите е во прашање. Минатата година, бројот на насилни инциденти против новинарите се зголеми, а неколкумина ги загубија животите низ целиот свет. Ова е неприфатливо, рече Виркунен.

Според еврокомесарот за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите Мајкл Мекграт, новинарите се чувари на демократијата.

– Нивната бестрашна потрага по факти и транспарентност не обврзува сите. На овој Светски ден на слободата на печатот, мора да ја поддржиме нивната критичка работа и да ја заштитиме нивната независност – за нашите права, за нашите слободи, за нашите вредности, истакна Мекграт.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕКЕПЕУмедиуми

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk