ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Деведесет отсто од анкетирани организации за женски права погодени од намалување на финансиите

May 14, 2025 15:46
in ДЕНЕС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„UN Women“ алармира дека 90 отсто од анкетирани женски организации се погодени од намалени финансии. Глобално, 308 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош во 73 земји, бројка што постојано расте поради ескалација на конфликти, климатски промени, несигурност со храна и појава на болести.

– Жените и девојките се непропорционално погодени од кризите, страдајќи од смртни случаи поврзани со бременост што можат да се спречат, неухранетост и високи стапки на сексуално насилство. И покрај зголемените потреби, хуманитарниот систем се соочува со сериозна финансиска криза, при што намалувањата на финансиската помош ги загрозуваат основните, животоспасувачки услуги за жените и девојките, се наведува во извштајот „На раб на издржливоста: Влијанието на намалувањето на странската помош врз женските организации во хуманитарни кризи ширум светот“ на „UN Women“.

Врз основа на резултатите од брза глобална анкета спроведена меѓу 411 женски и организации за женски права во 44 кризни контексти, извештајот открива дека 90 проценти од анкетираните организации се погодени од намалувања на финансирањето, се посочува во соопштението од „UN Women – Северна Македонија“.

Според Софија Калторп, шефица за хуманитарна акција на „UN Women“, ситуацијата е критична.

– Жените и девојките едноставно не можат да си дозволат да ги изгубат спасувачките линии што ги обезбедуваат женските организации. И покрај нивните улоги како основни даватели на услуги, застапници и надзорници, женските организации беа сериозно недоволно финансирани дури и пред неодамнешниот бран на кратења на финансиската помош. Поддршката и финансирањето на овие организации не е само прашање на еднаквост и права, туку и стратешка неопходност, смета Калторп.

Драстичното намалување на финансирањето, како што се наведува во денешното соопштение, ги доведува многу организации до критична точка на егзистенција, при што речиси половина (47 проценти) очекуваат да се затворат во рок од шест месеци, ако тековните нивоа на финансирање опстојат со исто темпо.

– Загрижувачки 51 отсто од организациите веќе беа принудени да суспендираат програми, вклучително и оние за поддршка на лица кои преживеале родово-базирано насилство или оние што обезбедуваат клучен пристап до заштита, средства за живот, повеќенаменска парична помош и здравствена заштита. Речиси три четвртини (72 отсто) пријавуваат дека биле принудени да отпуштат персонал – што е многу на значително ниво, се додава во соопштението.

Среде растечки предизвици, женските организации остануваат непоколебливи, се истакнува во соопштението, водејќи со храброст, застапувајќи ги своите заедници и обновувајќи животи со отпорност и решителност.

– „UN Women“ стои заедно со женските организации ширум светот, одекнувајќи го нивниот итен повик за одржливо финансирање. Овие организации се темели на нашата колективна хуманитарна реакција – движејќи промени, нудејќи надеж и обезбедувајќи клучна поддршка на жените, девојките и нивните заедници во најтешките кризи во светот, се нагласува во соопштението.

Next Post
Фотомонтажа. Заев и Филипче

Вистиномер: Двете фотографии од визите на Заев и Филипче се фотомонтажа

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk