ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

May 14, 2025 09:25
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет и шест пратеници од британскиот Парламент побараа значителна промена во пристапот на надворешната политика кон Србија по присуството на претседателот Александар Вучиќ на воената парада во Москва на 9 мај, јавија српски медиуми.

„Му напишав писмо на министерот за надворешни работи, барајќи значителна промена во пристапот на нашата надворешна политика кон Србија, по присуството на претседателот Вучиќ на воената парада во Москва на 9 мај. Писмото го потпишаа уште 25 парламентарци“, објави на Х пратеничката на британскиот парламент Ема Левел.

Во писмото, меѓу другото, се наведува дека Србија под водство на Александар Вучиќ ги зајакнала врските со рускиот претседател Владимир Путин, „особено како единствена земја-кандидат за ЕУ ​​што не вовела никакви санкции кон Русија и покрај ужасните злосторства извршени против Украина од 2014 година“.

„Претседателот Вучиќ се обидува да ги дестабилизира Косово, Босна и Херцеговина и поширокиот балкански регион, тесно соработувајќи со Русија на Путин“, се наведува во писмото на пратениците до британскиот министер за надворешни работи.

Се забележува дека за време на владеењето на Вучиќ, Србија има значителен демократски застој, со постојани напади врз медиумите, политичката опозиција и граѓанското општество, широко распространета корупција, што придонело за масовни протести против неговата влада во последните месеци.

„Настаните од 9 мај покажуваат еднаш засекогаш дека владата на Вучиќ нема интерес да ги прекине врските со Русија, додека активно промовира ултранационалистички, експанзионистички идеи за „Голема Србија“, што ризикува повторно да го доведе Балканот во крвав конфликт“, се вели во писмото.

Затоа, како што наведуваат, пратениците „бараат од владата да го промени курсот, почнувајќи со серија целни санкции против претседателот Вучиќ, неговата влада и соработниците, и употреба на сите потребни дипломатски средства за да ги охрабриме нашите сојузници да го следат нивниот пример“.

„Доколку сега не испратиме силна порака до српската влада, ризикуваме да ја зајакнеме решителноста на режимот на Вучиќ и да не успееме да го спречиме колапсот на кревката безбедносна ситуација на Балканот“, напишаа пратениците во своето барање до британскиот министер за надворешни работи.

Тие, исто така, ја истакнаа својата поддршка за „студентите кои протестираат во Србија и граѓаните кои бараат подобра иднина за својата земја, ослободена од авторитаризам и корупција“, пренесе МИА.

Next Post

Без струја корисници во Карпош и Кисела Вода

Shortcut

Најново

Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk