ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: СПАК ќе апси за изборен криминал, Стармер ќе побара од Косово воспоставување мигрантски кампови; партиите со меѓусебни обвинувања за неконституирање на косовското собрание

May 26, 2025 16:30
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанските медиуми денеска јавуваат за истрагите на СПАК за изборен криминал, кој се подготвува за апсења за корупција на изборите што се одржаа на 11 мај.

По одбивањето од Албанија, Обединетото кралство ќе побара од Косово да се воспостават кампови за мигранти, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Коха јоне: СПАК се подготвува за апсења за корупција на изборите на 11 мај

СПАК тивко собираше докази пред и за време на изборната кампања, како и на 11 мај. Во сите региони, главниот обвинител Алтин Думани формираше работна група за изборна корупција.

Досега, постојат неколку истражни досиеја од BKH и SPAK, каде што се очекува да бидат потпишани налози за апсење. Извори велат дека денес СПАК го запленил мобилниот телефон на заменик-градоначалникот на општина Пука, Ндуе Сума, како дел од истрагата за изборна корупција, пренесе Коха јоне.

Балкан веб: 17 деца заразени со салмонела во градинка во Грамш

Институтот за јавно здравје потврди дека од тестовите спроведени врз 79 деца во градинката во Грамш, 17 од нив се позитивни на „Салмонела ентеритидис“.

Кај 17 деца е утврдено дека се заразени со оваа бактерија, додека се очекуваат резултати за уште 6 други деца, но и кај нив е забележано зголемено бактериско оптоварување.

Полицијата ги заплени медицинските картони на хоспитализираните деца, документацијата за залихите од храна во градинката и зеде примероци од храна за лабораториска анализа. Производите што остануваат во кујната се блокирани, пренесе Балкан веб.

Синџирот на снабдување, методот на складирање храна и хигиената во кујната на институцијата сега се под лупа на истражителите.

Истрагата продолжува, додека родителите бараат одговори на најзагрижувачкото прашање: како е можно во јавна установа за деца, основните стандарди за безбедност на храната толку сериозно да не отстапуваат?

КОСОВО

Газета експрес:  По одбивањето од страна на Албанија, Стармер ќе побара од Косово да прифати воспоставување кампови за мигранти

Велика Британија ќе побара од Косово да прифаќа мигранти што пристигнуваат со мали чамци, како дел од плановите за отворање серија „центри за враќање“ во странство, открива весникот „Тајмс“, пренесе Газета експрес.

Западнобалканската земја е на списокот од девет земји составен од министри и функционери како можни дестинации за центри во странство, каде што одбиените баратели на азил би биле испратени откако ќе ги исцрпат сите опции за жалба во Велика Британија.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, исто така изјави дека нејзината земја би била „отворена“ за разговори за можен договор за прифаќање на одбиени британски баратели на азил. Косово им се придружува на Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и неколку земји надвор од Европа кои се вклучени во списокот на земји со кои министрите имаат намера да започнат преговори.

Бота сот: Без решение, страните се обвинуваат меѓусебно за неуспехот на  конститутивната седница

Дури и по неуспехот на следната конститутивна седница на Собранието, политичките претставници продолжија со обвинувања и контраобвинувања за институционалниот застој. Ветевендосје  го бранеше предлогот за претседател на собранието, додека опозицијата го обвинува Курти за тврдоглавост. Следната седница е закажана за два дена, пишува Бота сот.

КОЛУМНА

Коха: „Посетата на Калас во Косово и Србија која ништо не промени“

„Повиците на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, за што поскоро формирање на институциите на Косово, за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, немаа никакво влијание.

Калас ќе ја доживее судбината на нејзините претходници во нејзината работа кога станува збор за дијалог, тој ќе пропадне ако нема промена во пристапот на главните земји-членки. ЕУ мора да ги надополни своите зборови дека „Охридскиот договор е валиден и мора да се спроведе“ со дела.“, пишува Авторот Аугустин Палокај во колумната „Посетата на Калас во Косово и Србија која ништо не промени“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

Филипче: Прво не задолжуваат, па после ќе ни кажат колку ќе треба да враќаме

Shortcut

Најново

Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk