ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Од должничко „ропство“, власта со розова ПР слика – сака да прикаже рај

May 28, 2025 11:46
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Власта води целосно погрешни економски политики со кои ја водат државата во погрешен правец, обвинува опозицијата, и предупредува дека државата се наоѓа на ивица на сериозна економска и политичка криза.

– Актуелната политичка состојба сите ја гледате, станува збор за едно безобразно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за кое што сметаат дека не треба никому да даваат отчет, сметаат дека сè им е дозволено затоа што добиле огромна поддршка на минатите избори и влегуваат од грешка во грешка, и сè повеќе ја заглавуваат државата, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој посочи дека работата со стратешките политики и работата со економските политики е таква што кога нешто ќе се погреши и кога ќе се тргне во погрешен правец, треба многу време да се одглави.

– Се водат целосно погрешни економски политики, сакаат да прикажат со еден лажен партиски ПР розова слика, меѓутоа не им оди, затоа што луѓето знаат како се живее – и со платите и со цените во маркетите – одбивајќи ги сите наши добри предлози и за храната и за струјата, нешто што ќе им олесни на граѓаните. Но, не – сметаат дека се премногу силни и продолжуваат без да слушаат никого. На крајот на краиштата ќе им се удри од глава и на граѓаните ќе им стане јасно, иако мислам дека и сега им е јасно што и како се случува, магласи Филипче.

Насир Селими – професор на факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа за Фронтлајн вели дека држава постојано да се задолжува со финансиски средства не е добар потег, особено кога ги позајмува овие ресурси од надворешниот финансиски пазар.

– Што се однесува до последново задолжувањето, тоа нема врска со задолжување од меѓународниот финансиски пазар, туку од владата на една држава, што стана вообичаена практика на оваа влада (претходното задолжување беше од владата на Унгарија). Исто така за јавноста е доста нејасно под кои услови е добиен кредитот, која е каматата, колку време ќе се користи…, вели Селими.

Уште поважно, додава тој, е за какви цели ќе се користи.

– Ако не е насочена кон финансирање разни инвестициски проекти, изградба на инфраструктура, економски развој, промовирање иновации, отворање нови работни места, тогаш ова само ќе биде дополнително оптоварување на нашата економија и кочење на развојот на нашата економија, анализира професорот.

Според опозицискиот лидер, заемот од Велика Британија е преседан.

– Ние мислевме преседан е унгарскиот кредит, но не – можело и повеќе. Да земеш влада со влада, без контрола, пари со непознати камати, со непознати рокови – тоа е криминал. Тоа е како да одам јас со вашата лична карта во банка да земам кредит, да не ви кажам ништо, од утре вие да плаќате камати, пари, рокови – не знаете, ништо не сум ви кажал. Тоа е основа за кривично дело. Ама во нашава ситуација со Владата тоа е бизнис, очигледно, вели Филипче.

Според него, политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, го загрозуваат европскиот пат на земјата и ја ставаат во опасна група со земји кои се во криза.

– Многу се сериозни пораките од еврокомесарката Калас и од претседателот на Европскиот парламент, кои што велат – сега ви е времето, утре ќе биде затворена вратата. Но, власта нема намера ништо да направи – дополнително нè заглавуваат, да помине моментот на проширување, да влезат Албанија и Црна Гора, и да останеме ние со Косово и со Украина, истакна тој.

Рамковниот/отворен заем со британската влада, според кој на располагање за користење се ставаат 5 милијарди фунти во временски период од 10 години, со кои ќе се финансираат исклучиво капитални проекти, во просек годишно претставува, 600 милиони евра, што е износ близок на годишниот буџетски дефицит во последните години.

Информациите кои се познати вклучуваат дека заемот ќе има грејс период за време на изведбата на проектот, а отплатата ќе отпочне откако капиталниот проект ќе биде ставен во функција. Останатите специфики на позајмувањето во моментот остануваат непознати.

Ова влада веќе ја задолжи државата со заем од 500 милиони евра од Унгарската влада.

Дестан Јонузи

Tags: Британски заемВладаВМРО-ДПМНЕСДСМУнгарски заем
Next Post

Објавена книгата „30 современи грчки автори“

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk